Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)?

„Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година губеше околу 10% од парите бидејќи стаорци и ги јадеа банкнотите или се оштетуваа од вода и влага“, има откриено братот на Пабло Ескобар. Кога бил на врвот, наркобосот заработувал и до 400 милион долари неделно.

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-01.jpg

Кога бил на врвот, се претпоставува дека Пабло Ескобар бил меѓу најбогатите луѓе на светот.

Бидејќи неговите пари биле нелегални, нема официјални податоци за тоа колку точно заработувал, но сепак може да се направи груба процена која покажува дека дефинитивно бил милијардер.

Како лидер на картелот Меделин, Ескобар бил „крал на глобалниот шверц на кокаин“ и имало периоди кога заработувал и по 400 милиони долари неделно.

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-06.JPG

Па, колку пари имал Ескобар?

Ескобар потекнувал од многу сиромашно семејство со дури седум деца – татко му бил сточар, а мајка му работела како наставничка.

Уште во тинејџерските години, Ескобар почнал да продава украдени предмети за да заработи, а со посериозен криминал почнал да се занимава во 20-тите.

Станал дел од банда и без проблем киднапирал луѓе за откуп.

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-11.JPG

Потоа направил своја група криминалци, која со текот на времето ќе се претвори во најпознатиот наркокартел во светот – Медељин.

Како што веќе знаете, картелот произведувал, транспортирал и продавал кокаин прво во Колумбија, но потоа и надвор од границите на државата.

Како што пазарот се ширел кон САД, Азија, Австралија и Европа, имало период кога Ескобар контролирал можеби 80% од целиот шверц на кокаин.

Па, јасно е дека заработувал многу, многу пари.

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-02.JPG

„Најголем дел од нашите пари пристигнуваа во Медељин во куфери и торби. Купови кеш. Планини од американски долари и колумбиски пезоси – валутите со кои работевме.

Имаше толку многу пари, што Пабло трошеше 2.500 долари месечно за ластичиња“, пишува братот на Ескобар во неговата книга за картелот.

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-03.JPG

Ескобар заработувал многу, но и обожавал да троши.

Кон крајот на 1970-тите, Ескобар изградил хациенда за која одвоил 63 милиони долари.

Целиот имот се протегал на површина од дури 28 километри квадратни, а покрај раскошната куќа, Ескобар имал фудбалско игралиште, приватен аеродром, како и зоолошка со егзотични животни – жирафи, слонови, зебри…

kolku-pari-navistina-imal-pablo-eskobar-i-kako-gi-troshel-04.JPG

Ескобар купувал приватни авиони, јахти и хеликоптери кои ги користел приватно, но и за шверц на дрога.

Исто така, тој купил и подморници, најмногу за шверцување.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg