Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)?
Наркобосот бил познат и по раскошните забави, а наводно за неговиот 33-ти роденден прославата траела цел месец. Се одржувала во раскошната хациенда, а секоја вечер настапувале различни познати артисти.
Во 1991 година, Ескобар самиот се пријави во полиција во Колумбија за да избегне екстрадиција во САД.
Тој успеал и да ги убеди колумбиските власти да ја отслужи казната во приватен затвор.
Па, наркобосот си изгради луксузен затвор познат како La Catedral или Hotel Escobar на кој би завидел секој.
Затворот бил опремен со фудбалско игралиште, џакузи, ноќен клуб и сауна, а наркобосот постојано имал пристап до телефон и компјутер што значи продолжил со работа.
Овој период, магазинот Forbes го смести Ескобар на листата на најбогатите луѓе во светот.
И покрај сето ова, Ескобар уште имал купишта пари, па дел решил да ги искористи и за добро.
Иронично, некои Колумбијци го гледале како херој бидејќи градел училишта и финансирал бројни проекти за помош на сиромашното население.
Бидејќи навистина имал премногу пари, Ескобар не можел да ги пере, а ова значи дека не можел ни да ги чува во банка.
Затоа, огромни суми кеш криел по складови и ги закопувал по празни ниви.
Како што има изјавено неговиот брат:
„Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година губеше околу 10% од парите бидејќи стаорци и ги јадеа банкнотите или се оштетуваа од вода и влага“.
Се проценува дека Ескобар „тежел“ околу 25 милијарди долари кога бил на врвот.
Ескобар беше убиен во декември 1992 година додека пробуваше да избега од властите.
По неговата смрт, картелот Медељин се распадна и трговијата со дрога во Колумбија ја презедоа други криминални групи.
Државата конфискувала дел од имотот на Ескобар, а се претпоставува дека голем дел од парите биле украдени од противничките картели.
Се верува и дека исто голем дел воопшто не биле пронајдени.
Неговото семејство можеби успеало да допре до некоја сума од парите, но нивното богатство не било ни приближно до она што го заработил наркобосот.
Спирова С. | Црнобело
