„Поминав цела деценија во заробеништво, на 10 минути од дома – на 14 години ме киднапира маж кој мислев дека ме сака“

На 14-годишна возраст, Тања Кач минувала низ тежок период поради разводот на родителите. Па, кога 38-годишниот чувар од нејзиното училиште почнал да разговара со неа, се чувствувала слушнато и посебно. Но, токму тој бил одговорен за тортурата што следела за тинејџерката. Сега таа ја споделува својата приказна за да ја зголеми свесноста кај родителите за опасноста од предатори кои на мета имаат деца и тинејџери.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-01.jpg

Пред повеќе од три децении, кога имала само 14 години, Тања Кач била киднапирана.

Наредните десет години ги поминала во заробеништво, во куќа која се наоѓала на едвај 3 километри од нејзиниот дом.

Додека нејзините родители очајно ја барале, Тања била заробена од маж кој ја малтретирал и силувал, а за кој претходно мислела дека ја сака.

Била спасена од полицијата на 24-годишна возраст и иако уште се справува со психолошките последици од тортурата, сега, на 44 години, ја споделува својата приказна.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-13.JPG

Тања и претходно има зборувано за нејзиното страшно искуство и се надева дека ова ќе ги натера девојките да бидат повнимателни и да не им веруваат на мажи кои се многу повозрасни од нив.

Исто така, се надева и дека родителите ќе станат посвесни за овој проблем и ќе можат да препознаат ако некој возрасен им прави „груминг“ на нивните деца со цел да ги злоупотреби.

Напаѓачот на Тања бил тогаш 38-годишниот Томас Хоуз кој работел како чувар во нејзиното училиште.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-08.JPG

Во период кога нејзините родители се разведувале, а таа немала пријатели, била среќна што мажот почнал да разговара со неа и што некој ѝ обрнувал внимание.

„Тоа што имаше 38 години тогаш правеше да се чувствувам посебно“, раскажува Тања.

Вели дека почнала да го гледа мажот како пријател, му се доверувала, па тој почнал да ја убедува да се пресели кај него за да има „подобар живот“.

„Бев убедена дека ми нуди бајка“, се присетува Тања.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-02.JPG

Па, во февруари 1996 година се согласила да оди кај него на гости, на неколку денови.

Тој живеел со неговите родители, кои биле болни и не станувале од кревет, на едвај три километри од домот на Тања.

„Влегов во куќата и отидов во неговата спална. Знаев дека неговите родители не знаат за нас, а бев убедена дека ме сака“.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-09.JPG

Тања открива дека поминала цела недела во неговиот дом, пред неговото однесување драстично да се промени.

„Ме натера да пијам алкохол, а потоа ме силуваше. Бев во шок, преплашена. Мажот што мислев дека го познавам се претвори во насилник. Веднаш ми стана јасно дека сум во опасност“.

Силувачот почнал да ѝ се заканува дека ќе ја убие ако побегне и ѝ рекол дека таа е кај него за да го задоволува.

„Овие зборови ќе ме прогонуваат засекогаш. Стравот што го чувствував ме парализираше.

Секојпат кога му велев дека сакам да си одам дома, ме напаѓаше. Се чувствував многу осамено и исплашено, а најлошо е што се обвинував себеси“.

pominav-cela-decenija-vo-zarobenishtvo-na-10-minuti-od-doma-na-14-godini-me-kidnapira-mazh-koj-mislev-deka-me-saka-03.JPG

Тања вели дека често била напаѓана, постојано имала модринки и живеела во мизерни услови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава