Лудиот атентат на братот на Ким Џонг Ун: Жени го намачкале со отров, без да знаат дека се најмени за убиство
Постариот полубрат на Ким Џонг Ун бил избркан од Северна Кореја, а во 2017-та, по многу неуспешни убеди, диктаторот успеал да го убие, и тоа на мошне бизарен начин. Две жени, кои мислеле дека снимаат скеч за Јутјуб канал, го намачкале со супстанца за која не биле свесни дека е отров и избегале.

Ким Џонг Ун е едно од најпознатите имиња во светот.
Иако животот на диктаторот на Северна Кореја е во голема мера обвиен со мистерија, правилата и ограничувањата што им ги наметнува на своите жители го направија најпрепознатливиот лидер во светот.
Но, дали знаете дека Ким Џонг Ун имал постар полубрат кој требало да го наследи тронот наместо него?
Ким Џонг Нам, роден во 1971 година, е најстариот син на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил.
Од 1994 до 2001 година, тој бил сметан за наследник на татко му, пред да биде избркан од земјата.
Наводно, тој го посрамотил неговото семејство откако се обидел да го посети Дизниленд во Токио со лажен пасош и бил фатен.
Од друга страна, самиот Ким Џонг Нам тврдеше дека бил избркан бидејќи се залагал за реформи во неговата земја.
Тоа што го избркале од Северна Кореја не било доволно, па по неколку неуспешни обиди за убиство, Ким Џонг Нам бил убиен во Малезија, а неговиот атентат е како сценарио за филм со Џејмс Бонд.
Ким Џонг Нам бил убиен со нервен гас – VX – а убијците биле две девојки кои не ни биле свесни што прават.
Детали за бизарното убиство на постариот брат на Ким Џонг Ун:
Во 2011 година, Ким Џон Ил почина, а на чело на Северна Кореја дојде сегашниот владетел, Ким Џонг Ун.
Наводно, таткото на диктаторот во својот тестамент побарал неговиот најстар син да биде оставен на мир.
Но, Ким Џонг Ун ги игнорирал молбите на татко му и стоел зад неколку неуспешни обиди за убиството на Ким Џонг Нам.
Во 2011 година, двапати пробал да го убие, а обид за атентат имало и во 2012 година.
Наводно, тогаш Ким Џонг Нам му напишал писмо на својот брат, молејќи го да го остави да си го одживее животот мирно бидејќи бил свесен дека нема да може да се скрие од него.