Имаат по 90 сантиметри, се во домот им е минијатурно: Како изгледа животот на најнискиот пар во светот?
Имаат и мал шпорет поставен на соодветна висина, а во кујната има и мало столче за поткачување.
„Кога готвам, тавата ми стои на висина погодна за мене. Па, можам да готвам и да гледам во неа, а ова многу ни го олеснува животот“, споделува Пабло.
Пералната им е со вообичаена големина, но во просторијата за перење имаат уште еден мијалник кој е поставен ниско, како и помала сушара за облека.
Парот има и домашна канцеларија опремена со ниско биро и мало столче.
„Мојата куќа ми е моето засолниште. Овде имам целосна независност. Овде не ми треба помош од никој. Се чувствувам како и секој друг човек.
Не сум уникатна, не сум различна. Кога излегуваме надвор, треба да се адаптираме на светот.
Но, во нашата куќа, особено во кујната и бањата, важи спротивното – луѓето треба да се приспособат на нас“, споделува Катисија.
Спирова С. | Црнобело