„Изгледам како најобична жена, но јас сум дијагностициран психопат – не чувствувам емпатија, ниту страв“
„Во детството воопшто не ми беше гајле дали некој ќе се грижи за мене. Никогаш не сум ги молела моите родители да не си одат кога ме оставале во градинка. Ги удирав другите деца и не ми беше јасно зошто не им се допаѓа тоа. Сакав да ги манипулирам за да ми ги даваат нивните ужинки и нивните омилени играчки“, раскажува 45-годишна жена која е дијагностицирана со психопатија, но води сосема нормален живот.

Обично си ги замислуваме психопатите како луѓе кои изгледаат страшно или мислиме дека барем можеме да ги препознаеме на прв поглед. Мислиме и дека сите психопати се криминалци, па и убијци.
Во реалноста, луѓето кои се дијагностицирани со психопатија можат да изгледаат сосема нормално, но и да водат нормален живот.
Единствената разлика е што тие не чувствуваат емпатија, може да бидат егоцентрични и да покажуваат знаци на асоцијално однесување.
Џејми Таунсенд од Калифорнија изгледа како најнормална жена, води „обичен“ живот, но е дијагностицирана со психопатија.
И покрај дијагнозата, 45-годишната Џејми вели дека има добро работно место и партнер што ја сака, но признава дека е свесна што ѝ прави дијагнозата.
„Јас сум личност која ќе ве експлоатира и манипулира, но не сум чудовиште“.
Џејми не чувствува емпатија, ниту страв, а уште од детството била невнимателна. Овој период почнале да се појавуваат и нејзините први симптоми.
„Воопшто не ми беше гајле дали некој ќе се грижи за мене. Никогаш не сум ги молела моите родители да не си одат кога ме носеле во градинка или ме оставале некаде“.
Таа признава дека се чувствувала супериорно во однос на другите, како и дека има огромна желба за моќ.
„Ги удирав другите деца и не ми беше јасно зошто не им се допаѓа тоа. Лажењето и крадењето ми беа норма.
Сакав да ги манипулирам другите деца за да ми ги даваат нивните ужинки, омилените играчки или новите моливи.
Барав начин како да ги натерам другите деца да прават како што сакам јас“.
Џејми никогаш не се каела за она што го прави, а зборот „извини“ не се наоѓал во нејзиниот речник.
„Кога бев во неволја, никогаш не чувствував каење. Не знаев како. Честопати си создавав проблеми бидејќи не се однесував соодветно кога некој беше поведен или страдаше“.
Како што растела, симптомите на Џејми се засилувале и станувале многу поизразени.
„Ако одевме на скијање, сакав да скијам многу брзо. Ако паднев, станував и сакав да одам уште побрзо.
Немав никаков страв. Кога имаше криза, јас бев смирена додека сите други беа преплашени“.
Џејми истакнува дека не ужива кога некој страда, туку едноставно не ѝ е грижа. Споделува и настан кога видела како умира бебе посум.
„Некој друг можеби би пробал да му помогне. Но, јас не се чувствував ни тажно ни среќно. Не уживав во страдањето, туку само не ми беше гајле.
Се грижев само за мене. Не пробав да го спасам бидејќи јас не добивав ништо од тоа“.
Џејми потекнува од семејство со пет деца, а вели дека нејзините браќа и сестри постојано биле исплашени за нејзината безбедност.
Постојано си го ризикувала животот, се ставала во опасни ситуации и вели дека никогаш не почувствувала страв.