„Изгледам како најобична жена, но јас сум дијагностициран психопат – не чувствувам емпатија, ниту страв“
Кога се запишала на факултет, направила цела мрежа за кражба.
„Одев во делот за изгубено и најдено и им кажував дека сум изгубила учебник. Ќе ми дадеа учебник мислејќи дека е мој, па јас ќе отидев во книжарницата и ќе го продадев.
Им ги крадев и велосипедите на другите студенти. Никогаш не се грижев за тоа што ќе се случи ако ме фатат“.
Блиските го забележувале чудното однесувањето на Џејми, па во 2022 година, нејзина пријателка ѝ рекла да провери дали можеби е психопат.
Џејми веднаш почнала да истражува и сфатила дека ги покажува сите знаци.
„Искрено не бев воодушевена од откритието, но ова ми помогна да добијам и формална дијагноза“.
Осум години подоцна, Џејми стапила во контакт со професор по психологија кој ѝ направил низа тестирања.
И, на 30-годишна возраст, била дијагностицирана со психопатија и асоцијално нарушување на личноста.
„Дијагнозата што ја добив имаше смисла. Можам да манипулирам луѓе и ситуации, импулсивна сум и не чувствувам страв.
Но, не сум сама. Денес живеењето со овие одлики е почесто од кога било“.
Се претпоставува дека околу 1% од луѓето на Земјата имаат психопатија, а Џејми сака да ѝ помогне на јавноста подобро да ја разбере оваа дијагноза.
„За да се разбере дијагнозата, треба да сфатите дека ние правиме работи од кои имаме корист, а не работи со кои ќе ги усреќиме другите“.
Џејми работела како адвокат, а потоа и професор по право кога ја добила дијагнозата, а по некое време решила да издаде и книга за нејзиното искуство.
Но, тогаш ја избркале од работа и вели дека овој период навистина почувствувал немир.
Во 2014 година таа стапила во брак, но по само една година се развела.
Набрзо потоа Џејми го запознала нејзиниот сегашен партнер, 36-годишен маж кој исто така е психопат.
„Големо олеснување е да се живее со психопат. Се разбираме. Ние дома не разговараме за безначајни работи како други парови.
Ги истражуваме нашите психопатски граници и знаеме со што се соочуваме. Воопшто не сме загрижени дека некогаш ќе си ги повредиме чувствата“.
Џејми вели дека редовно оди на терапија, а ова ѝ помага подобро да функционира во општеството.
„Луѓето ги поврзуваат психопатите со сериски убијци и криминалци. Во некои случаи се во право. Но, не можат да си замислат дека има психопати кои пазарат во маркет, одат на работа и огледуваат семејства.
Затоа зборувам за ова… Нема лек за психопатија. Но научив за моите граници и за тоа како да реагирам кога луѓето се тажни или несреќни. Научив да ја контролирам желбата да ги манипулирам другите“.
Спирова С. | Црнобело