5 филмски грешки
Без разлика колку милиони долари филмските студија трошат на филмовите, неизбежно е да се протне по некоја грешка мала или голема. Дел од нив се однесуваат на визуелни работи, дел од нив на нелогичности во сценарио.
Но, независно какви и да се, интересни се за гледање.
Reservoir Dogs

Во овој филм на Квентин Тарантино јасно се гледа дека на детективот му се заклучени рацете со лисици од позади, но кога подоцна момците од бандата го подигнуваат да го испрашуваат наеднаш лисиците се поставени однапред.
The Lord of the Rings: The Return of the King

На горната сцена, лузната на Фродо му е од десната, додека нешто подоцна таа лузна му се преместила на другата страна.
Gladiator
Не сме знаеле дека Римјаните ги придвижувале нивните кочии на плин.
Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl

Во позадина е фатен еден член од екипажот со каубојска шапка, очила за сонце и маичка со екстра кратки ракави.
North by Northwest

Детето во позадина знае дека ќе има пукање и си ги покрива ушите за да ги заштити од гласниот истрел.