Практични рецепти: Салата од кисела зелка
Искористете ја зимата и киселата зелка за да уживате во освежителна салата. Можете да ја испробате викендов.

Потребни состојки (за 4 лица):
- 250 грама кисела зелка
- 2-3 моркови
- 100 грама сварена слатка пченка
- ½ главица виолетов кромид
- 50 грама мајонез
- 3 лажици кисела павлака
- 1-2 лажици лимон (по потреба)
Подготовка:
Сварете ја пченката.
Киселата зелка измијте ја со ладна вода, исцедете ја и ставете ја во соодветен сад.
Морковите исецкајте ги на крупни парченца.
Мајонезот, павлаката и лимонот измешајте ги па додадете ги и другите состојки.
Измешајте ги сите заедно и проверете дали е доволно вкусно. Може да додадете и црвен пипер по вкус.
Ќе добиете освежувачка, здрава салата, идеална како самостоен оброк или во прилог на суво месо или кобасици.
Би можело да ве интересира:
12 предлози за забавно летно хоби (во кои со сигурност ќе уживате)
Изразете ја вашата креативност преку изработка на накит. Креирајте нешто...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките
Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
10 интересни фотки кои покажуваат дека големината е навистина важна
Знаете ли колку се всушност големи турбините на ветер и дека човек покрај нив из...