5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките
Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи продукти. И, потрудете се да уживате во секој миг од животот.

La dolce vita е фраза која мошне добро ја отсликува италијанската култура – живот исполнет со радост, среќа и уживање.
Па, штом фразата е позната во целиот свет, можеби и треба да научиме некоја лекција од Италијанците.
Пет навики за среќен живот на Италијанките:
Движете се повеќе во текот на денот
За да бидете во форма и да бидете здрави, не мора да одите во теретана и да правите напорни вежби, туку можете да го следите примерот на Италијанките.
Потрудете се да водите што е можно поактивен живот – почесто одете пеш, со пријателите наместо на кафе, одете на прошетка, возете велосипед наместо автомобил…
Со овие мали промени не само што ќе бидете поздрави, туку и ќе се чувствувате многу, многу подобро.
Дозволете си да уживате во јаглехидрати
Јаглехидратите му се потребни на нашето тело, па нема потреба целосно да ги исфрлите од исхраната.
Италијанската храна е со фокус на јаглехидрати – тестенини, печива, пица…
Секако, уживајте во оваа храна, но бидете умерени. Не се прејадувајте туку престанете со јадење кога ќе се почувствувате сити.
Притоа, кога ќе водите активен живот како Италијанките, нема така лесно да се здебелите ако неколкупати во неделата си дозволите оброк до јаглехидрати.

Давајте им предност на свежи продукти
Колку што ги сакаат печивата, Италијанките толку сакаат и свежи продукти, како овошје и зеленчук.
Ако комбинирате свежи продукти, наместо многу преработена храна, со јаглехидрати, како тестенини, нема да мора да се грижите за вишок килограми.

Уживајте во секој момент
Ако сте како повеќето, веројатно го пиете утринското кафе на брзина, па и „oд нога“, а кога јадете, исто така брзате или гледате серија или филм.
Италијанките сакаат да уживаат во секој миг, а оваа нивна навика позитивно е одразува во многу аспекти.
Од една страна, ќе бидете многу посреќни и позадоволни, а од друга, помала е веројатноста да претерате со храна ако целосно сте фокусирани на оброкот.
И ова уживање не мора да се однесува само на храна – уживајте во прошетката до работа, во времето поминато со пријателите и слично. Генерално научете да биете целосно присутни во секој миг и вистински да го цените.
Најдете време за блиските
Луѓето што ги сакаме се она што му дава значење на животот, па не заборавајте да одвоите време за нив.
Некогаш кога сe чувствувате лошо, доволен ви е само еден искрен разговор со сакана личност за да се чувствувате подобро.
А, и докажано е дека минувањето време со луѓе што ги сакаме и што ни значат има позитивно влијание врз менталното здравје.

Спирова С. | Црнобело
