Седум типично машки вистини

Многу работи ги препишуваме на машката природа и токму тие нешта жените не може да ги разберат. Едноставно женскиот ум мисли и расудува различно од машкиот.

sedum-tipicno-maski-vistini-01

За полесно да се справите со секоја типична машка ситуација, пред се мора да ја согледате од машки агол. Но, ако тоа не е возможно, доволно е барем да ја знаете.

Ова се седумте најтипични вистини за спротивниот пол:

1. Мажите не можат да одолеат на жени заводнички. Како вечни ловци мажите ретко кога може да одолеат на жената која ги заведува. Мажите имаат две слаби точки, своето его и машкоста. Доколку жената се одлучи да обрне внимание на барем една од овие слабости, станува неодолива во истата секунда.

2. Мажите гледаат други жени и покрај тоа што се во врска, тука нема помош. Машкиот мозок смета дека жените се створени за другите да ги гледаат, но не секогаш тоа мора да заврши со физички контакт. Затоа девојки, оставете им малку повеќе простор на вашите мажи и нема да имате никаков проблем.

3. Мажите размислуваат за секс... нон-стоп! Овој процес се одвива во машката глава повеќе отколку што мислевте. Едно истражување покажало дека повеќе од половина мажи во секој дел од денот пронаоѓаат сексуална инспирација.

sedum-tipicno-maski-vistini-1

4. Мажите би сакале да извршат прељуба, но не се осудуваат на тоа. Понекогаш навистина сакаат да бидат со друга жена, но ретко кој се впушта во таква авантура бидејќи се свесни дека ќе нанесе премногу негативни последици. Мажите не сакаат да ги кршат вредностите кои ги воспоставиле со својата жена или девојка, па затоа многу ретко се согласуваат на овој чекор.

5. Мажите не сакаат контрола. Некои сакаат да бидат супериорни во однос на жената, особено кога станува збор за сексот. Но, длабоко во себе тие веруваат дека е многу посекси кога жената ќе ја надмине машкоста и ќе ја води играта.

6. Мажите ги сакаат своите полови органи. Кога плочките на стомакот ќе ги снема, единствено нешто на што сè уште се горди е нивниот полов орган.

sedum-tipicno-maski-vistini-2

7. Мажите не сакаат промени. Многумина го мрзат секој обид за менување на животот. Мажите го прифаќаат фактот дека нештата околу нив се менуваат, се додека тие не мораат да учествуваат во промената. А уште помалку сакаат кога други се обидуваат да ги сменат, како што го прават тоа жените.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава