Коцки колачиња со кафе

За сите љубители на вкусот на кафето, имаме мало слатко изненадување. Едноставен рецепт како да уживате во вашиот омилен вкус се токму овие малечки коцкички кои можете да ги направите за околу половина час.

kocki-kolacinja-so-kafe-001

Состојки за тесто:

  • 8 белки
  • 200 грама шеќер
  • 200 грама мелени ореви
  • 4 лажици брашно


Припрема на тестото:

Белките и шеќерот миксирајте ги додека не добиете цврста пена, а пото лесно мешајте додека го додавате брашното и оревите. Печете на 180 степени околу 20 минути.

kocki-kolacinja-so-kafe-02

 Состојки за кремот:

  • 8 жолчки200 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 150 грама маргарин
  • 150 грама чоколада
  • 1 децилитар кафе по желба


Подготовка на кремот:

Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер добро измиксирајте ги, додадете го растопеното чоколадо, маргаринот и кафето. Заедно ставете ги на тивок оган и оставете ги да зовријат, со постојано мешање.

Кремот прелијте го преку колачот и оставете малку да се олади во фрижидер.  Откако колачот ќе се олади исечете го на коцкички, а по желба може да го украсите со топено чоколадо и ореви.

kocki-kolacinja-so-kafe-01

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...

Најчитани неделава