Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме
Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, засекогаш...“ и „Домашните обврски, кои никогаш не завршуваат“.

Се сеќавате ли кога како деца едвај чекавме да станеме возрасни?
А, како станавме возрасни, сфативме дека животот на возрасните не е баш толку совршен како што сме замислувале.
На Редит еден корисник отвори тема: „Кој е проблемот со кој се соочуваат возрасните, а никој не ве подготви за него?“
Еве неколку одговори за тоа кои се најголемите проблеми на возрасните:
„Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, засекогаш“.
„Колку брзо лета времето штом ќе остариш“.
„Никој не ме подготви дека пријателите полека ќе станат презафатени за мене, додека јас сè уште не сум толку зафатен“.
„Домашните обврски, кои никогаш не завршуваат“.

„Фактот дека можеш да сакаш некого многу, а сепак да мораш да заминеш од него“.
„Стареењето на родителите“.
„Делови од телото болат без причина или откажуваат“.
„Менопауза“.
„Бескрајни сметки!“

„Постојано носење одлуки, илјадници секој ден. Ако згрешиш последиците можат да бидат катастрофални. А никој не знае што прави, сите импровизираат“.
„Сè помалку луѓе има околу тебе. Некои умираат, се селат, се венчаваат или едноставно исчезнуваат“.
„Добиваш болки во грбот и тоа само од спиење“.

„Треба да организираш погреб за прв пат за некого“.
„Заморот што можеш да го достигнеш е неверојатен“.
„Сè се расипува во домот, точно пред плата“.
С. С. | Црнобело
