„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“
„Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови завршија. Наеднаш исчезна. Беше уништувачко. Никогаш не дознав зошто. Беше целосно изненадно...“

Луан Вард од Австралија е експерт за врски, но таа сега искрено проговори и на тема женските пријателства.
Кога најдобрата пријателка на Луан од детството, со која била пријателка 30 години, почнала преку ноќ да ја игнорира, таа немала никаква идеја зошто го прави тоа.
Тие се дружеле уште од 14-годишна возраст. Патувале заедно, работеле заедно, а Хана (името е променето) била и деверица на венчавката на Луан.
Луан вели:
„Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови завршија.
Бевме како Телма и Луиз, една на друга или т.н. 'ride-or-die' цели три децении.
Тогаш, пред пет години, морав да откажам ручек во последен момент и Хана оттогаш повеќе не ми се јави.
Беше уништувачко. Никогаш не знаев зошто. Беше целосно изненадно.

Во текот на годините се обидував да стапам во контакт барем 20 пати.
Сè уште ѝ посакувам среќен роденден секоја година.
Се молев да разговара со мене и да ми објасни што направив за да ја повредам, зошто решила да го прекине нашата пријателство. Не може тоа да биде само поради еден откажан ручек.
Мора да признаам дека на многу начини, губењето на пријател е полошо од разводот.

Кога ќе бидеш исфрлен од тој однос, нема дискусија, нема затворање на приказната и често нема многу поддршка од околината, бидејќи се очекува брзо да го преболиш. Сепак, тоа е 'само пријател' велат“.
Луан вели дека пријателствата стануваат потешки по 35-тата, кога животните стилови драстично се менуваат.
„Луѓето стапуваат во брак, имаат деца, и понекогаш се јавува љубомора. Секој е во различна фаза од животот и тоа е во ред.
Луѓето имаат животи и можеби ќе се гледате само неколку пати годишно или воопшто нема.
Сепак, да бидеш отсечен без збор по 30 години беше брутално.

Се искушував дури да му пишам на нејзиниот поранешен сопруг за да видам дали знае зошто таа се раздели од мене. Но, не ја преминав таа граница.
На некој начин, можеби е подобро да не знам зошто.
Ако таа би ми набројала сè што не ѝ се допаѓаше кај мене, веројатно ќе ми беше полошо. Па, се помирив со тоа дека повеќе ја нема.
Но, тешко е... Кога некој кому некогаш сте му се доверувале со сите ваши тајни, со кого сте се смееле и на кого сте се потпирале во најтемните моменти од вашиот живот, одеднаш исчезнува, тоа станува извор на болка и чувството на изневереност може да биде многу силно“.
С. С. | Црнобело
