Домашни мусли плочки

Состојките на домашните мусли плочки можеме да ги креираме по желба и да ставиме се што сакаме – разни житарици, корнфлекс, суви брусници, смокви, кајсии, сливи, грозје, сушен кокос, ореви, `фстаци, мед...

Еве една од бројните варијанти за подготовка на здрави домашни мусли.

domasni-musli-plocki

Состојки:

  • 140g грубо сечкани житарици (пр. овесни снегулки)
  • 30g корнфлекс
  • 60g пржени бадеми и лешници 
  • 15g пченично брашно
  • 50g мед
  • 60g суво овошје или состојки по желба
  • 1/4 лажичка сол и кафен шеќер
  • 2 белки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150°C. Тепсијата за печење прекријте ја со фолија, премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно. Во еден сад измешајте ги сите состојки, а во друг сад измиксирајте ги белките со кафениот шеќер и солта. Потоа спојте ги содржините од двата сада и распоредете ја содржината на тепсијата за печење. Печете четириесетина минути, оставете да се излади и исечете на плочки.

Добар апетит!

Би можело да ве интересира:

Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
Поевтино од Македонија: Во кое грчко летувалиште ќе си купите праски и кајсии за 30 денари килограм? Краставици – 30 денари килограм, цреши 150 денари килограм... Овој јуни, но и из...
Колку брзо и драстично се менува светот околу нас, низ илустрации Со машините за алишта, за садови и робот правосмукалките, домашните обврски ни с...

Најчитани неделава