„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“
Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, се сеќавате ли кога „крадевме“ сливи и кајсии од кај сосетката од двор, а таа нè караше да почекаме да пораснат?

Не знам за вас, но за мене некои од најзабавните спомени од детството ми се како со другарка ми посегнуваме по зелените кајсии и сливи кај сосетката од двор.... А потоа ги јадеме, со сол.
Повеќето другарчиња ги јадеа без сол, но сите понекогаш подаваа рака да „украдат“ по некој зелен плод, додека сосетката нè караше, а всушност потајно се смешкаше и ни ги разбираше нашите детски лудории.
Токму на овој период ме потсетија фотографиите на Зоран Мијалков кои осамнаа на социјалните мрежи.

Овој вљубеник во природата, кој постојано оди на прошетки, ги фотографираше своите дланки полни со зелени сливи и кајсии и напиша:
„Полна рака спомени од детството...
Не знам дали забележувате ама денешните деца не сум видел да посегнат и скинат кајсии или сливи“.
И дали е навистина така? Дали денешните деца не знаат за ова „слатко“, односно киселко задоволство?

Дали од телефоните подзаборавија да ја кренат главата нагоре и да видат што има на дрвјата? Или на полјаните со трева?
Зоран нè потсети и на глуварчињата и на мирисот на јоргованот...


Прекрасни спомени, зарем не?
Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни?


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
