Дваесеттите години се за уживање

Постојат толку многу работи за кои не смееме да се грижиме во младоста. Дваесеттите се идеални години за забава, дружење, откривање на самите себеси и создавање на најубавите спомени во животот. Тоа е време кога не сте премлади за нови, интересни искуства, а ниту престари главна преокупација да ви биде грижата за неостварената љубов, работата или светската економија. Затоа, не пропуштајте ја забавата!

uzivajte-vo-dvaesettite-godini-bez-mnogu-grizi-01

Дваесеттите години се годините кога го напуштате детството. Ако ништо друго, барем она формалното, календарски. Некои од нас гордо признаваат дека никогаш нема да излезат од детските приказни, чија најубава особина е безгрижноста. Тоа е она време кога не размислувате премногу за ситуацијата во која се наоѓа светот, економијата, трендовите и туѓите мислења. Всушност, таа доза на незаинтересираност треба гордо да ја носите со себе во дваесеттите.

Стилот на облекување, изборот на работа или факултет, начинот на секојдневието се главните работи кои се однесуваат лично на нас и сме посветени исклучиво на тие одлуки. А, сепак многу често се двоумиме и се кршиме после некои ситни донесени одлуки. Што ако некој од страна искоментира негативно? Дали ќе ме осуди или пак ќе го поддржи мојот избор? Тоа се непотребни прашања и сосема неважни двоумици кои само го одземаат вашето драгоцено, најпрекрасно време на младоста. Подобро е да потрошите една година во каење по изборот, отколку од секунда во секунда да се премислувате заради осудувањето на другите. Постарите кажуваат дека грешките се најмалото зло кое може да го направите во текот на растењето.

Замислите дека животот е празна страница во Ворд документ со кој само со еден клик на тастатурата може да ја избришете секоја грешка, секој чекор кој по одредено време ви се чини погрешен. Глупоста е избришана, а страницата чиста и бела. Спремна за нов, забавни избори. Дали животот би бил интересен ако функционира по тој принцип? Веруваме дека не. Грешките се тука да не обликуваат онакви какви што сме. Некои луѓе најдобро учат на сопствените, некои се каат заради нив но сепак токму тие погрешни чекори ни навлекуваат широка насмевка на лицето. Не грижете се премногу за нив. Тие се дел од спомените. Ако неколку години подоцна успеат да ви ги заруменат образите или да ве насмеат од се срце, значи дека биле вредни.

uzivajte-vo-dvaesettite-godini-bez-mnogu-grizi-1

Не постои ниту правило дека мораш да се смириш и да се посветиш на семејството во дваесеттите. Не се чувствувајте како да морате да ги задоволите желбите на родителите, бабите, дедовците... Не брзајте со донесување на одлуките само затоа што некој пред вас тоа можеби ќе го направи. Дваесеттите се драгоцени години за да ги потрошите грижејќи се за семејство, ако на тоа не сте спремни.

Ако сè уште живеете со родителите, а вашите врсници ве исмејуваат за тоа размислете дали лично вие сте подготвени за тој чекор на осамостојување. Не се грижете за милионите неважни мислења како ви е време за брак. Такво нешто не постои. Времето го одредувате самите. Можеби за вас идеални се триесеттите за основање на брак и семејство, па затоа дваесеттите искористете ги за уживање и забава. Никој нема право да ви каже дека сте неозбилни или пак да ве осуди за такво нешто.

Секое утро, секој ден бидете свесни дека староста е далеку од вас. Што помалку размислувате за озбилните планови за иднината, толку повеќе ќе и се посветите на сегашноста и имате шанса да уживате во неа!

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава