Витаминска салата

Наш предлог за здрав појадок. Време на подготовка...веднаш.  Употреба...секогаш. Уживајте во здравите и вкусни состојки на витаминската салата.

vitaminska-salata

Потребни состојки:

Грст црни маслинки без семка, грст зелени маслинки со пиперка, зелена салата, главица црвен кромид, 1 жолта пиперка, 50 грама сирење Горгонзола, сол, црн пипер, маслиново масло, 1 лимон.

Подготовка:

Измијте ја зелената салата и исцедете ја. Листовите искинете го на покрупни парчиња, па распоредете ги во садот за салата. Сирењето и кромидот исечкајте ги на покрупни коцки, зелените маслинки преполовете ги, а пиперката исечете ја на тркала. Во чинија измешајте го маслиновото масло, солта, црниот пипер и сокот од лимон, па со лажица прелијте преку салатата.

На здрвје!

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...

Најчитани неделава