Манекенка отпуштена затоа што била дебела!

Сафи Карина, 27 годишен модел од Велика Британија, е исфрлена од модна агенција заради тоа што не успеала да влезе во конфекциски број 36. Сега нејзина цел е да им докаже на жените со нормална тежина дека може да успеат во модната индустрија без да бидат опседнати со намалување на килограмите.

devojkata-isflena-od-modna-agencija-zaradi-svojata-zenstvena-figura-01

Сафи Карина ја започнала својата кариера како модел кога носела конфекциски број 38, но за жал од модната агенција била избркана со објаснување дека е преголема и нејзините широки колкови не ги собира никаде.

„Работев само неколку години и навистина го сакав тоа што го правев, а тогаш ме исфрлија. Колковите ми се широки 104 сантиметри, но тоа се чисти коски, ништо не можам да направам со нив. Морав да работам со она што располагам,“ изјавила Сафи.

Таа накратко ја прекина кариерата, но потоа се обратила  кај друга модна агенција, како модел за пополни жени. Од тогаш изработила голем број рекламни кампањи за врвни модни куќи, па дури и во долна облека и костими за капење.

devojkata-isflena-od-modna-agencija-zaradi-svojata-zenstvena-figura-02

„Со текот на годините станува сè поженствени и тоа е нешто што не сакав да го менувам, па почнав да го барам она што ми се нуди. Почнав да работам како модел за пополни жени, а тоа е многу попозитивна и среќна индустрија. Продолжив да се бавам со она што го сакам и да патувам низ светот.“

Сафи дури има желба да им помогне на другите млади модели да го следат нејзиниот пример, за да докажат дека не мора да бидат костури за да успеат.

Го основала The Curve Project London, каде што заедно со фотографи, визажисти и стилисти одржува работилници за тоа како да бидете успешен модел. Главна задача, како што таа кажува, е да ги едуцира младите девојки како да го засакаат своето тело и да не го менуваат за ништо на светот.

devojkata-isflena-od-modna-agencija-zaradi-svojata-zenstvena-figura-03

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава