Како да ги перете џемперите за да не се растегнат?

Волнените џемпери имаат незгодна карактеристика - или се собираат или се растегнуваат ако не ги перете внимателно.

kako-da-gi-perete-dzemperite-za-da-ne-se-rastegnat-01.jpg

Затоа што сезоната на џемпери пристигна побрзо од очекуваното, сега е идеално време да научите како да ги негувате.

Наполнете еден леген со студена вода и сапун или благ шампон и во него потопете го џемперот. Оставете го целосно да се намокри и внимателно измијте го со рацете.

Натопениот џемпер исплакнете го со чиста вода, додека пената целосно не се извади. Плакнете го во нова, сменета вода, повторно во леген.

По перењето никако не смеете да го вртите и притискате џемперот за да го исцедите. Доволно е нежно да го притиснете од рабовите на легенот, за да не ја оштетите структурата на влакната.

Ако имате машина за сушење, најдобро е да ја искористите. Ако не, џемперот замотајте го во пешкир кој ќе ја впие водата, а потоа неколку минути сушете го со фен.

Последен чекор е сушењето на закачалка, но за да стигнете до овој чекор неопходно е водата да не натежнува на краевите од ткаенината.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава