Што сè може да направи една жена?

Она што жената може да го направи, ѓаволот не може ниту да го смисли, кажува старата поговорка на мажите за жените која не е далеку од вистината.

sto-se-moze-da-napravi-edna-zena-1

 Тоа е така бидејќи жената има поголема интуиција, шесто сетило и може да ве заврти за 360 степени во секунда, а вие да си мислите дека поминала цела вечност.

Еве што може да направи една жена, а тоа никогаш да не им падне на памет на мажите.

- Жената може да стапи во нова врска, а се уште да го сака бившиот партнер.

- Жената може да има секс со еден маж, а да фантазира за друг.

- Жената може да го трпи вашето игнорирање, но кога ќе започне таа да ве игнорира верувајте ќе ве полуди.

- Жената може да ве трпи, трпи, трпи...но, кога ќе и пукне филмот ќе ве натера вие да трпите.

- Жената може да ве лаже и да ве гледа во очи, притоа колнејќи се дека не лаже.

- Жената може да ве заведе како да ве посакува, а да не ве посакува воопшто.

- Жената може да ве изневери, а вие никогаш да не се посомневате дека го направила тоа.

- Жената може да го има секој маж кој ќе го посака, но не секој маж може да ја има секоја жена која ќе ја посака.

- Жената може да прави барем три работи истовремено, како на пример да пегла, да зборува на телефон и да се шминка.

- Жената може да размислува едно, да зборува друго, да прави трето, а да чувствува нешто сосема четврто.

- Жената може да ти биде најдобар пријател, да те гледа како мајка, но ако ја изневериш нејзината доверба ќе ти закачи нож во грб како најлош непријател.

sto-se-moze-da-napravi-edna-zena-2

- Жената може да биде со тебе, а да планира со месеци како да те остави.

- Жената може да глуми дека ужива во сексот, а постигнувањето оргазам не е исклучок.

- Жената може да те бодри како никој, но исто така може и да те понижи како никој.

- Жената може да биде виновна, но да те направи ти да се почувствуваш виновен, притоа и да се извиниш за "стореното".

 - Жената може да биде физички кревка, но психички многу појака од секој маж.

- Жената може да се смее со солзи во очи, може да се радува иако душата и тагува.

- Жената никогаш нема да ти префрли дека си ја оставил, ќе те натера да зажалиш и сам да се покаеш за тоа.

- Жената може да се чувствува грозно, но да изгледа прекрасно.

- Жената може да ве сака како што не сакала никој некогаш, но и може да ве остави како да не ве сакала никогаш.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава