Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш!

Понекогаш вистинскиот начин на кој ќе се пронајдеш себеси е само ако се изгубиш од сè останато освен од себеси.

pronajdi-se-sebesi-so-toa-sto-ke-se-izgubis-2

Доколку се прашувате како се прави тоа, следува објаснување кое ќе биде јасно и сфатливо за сите оние кои се чувствуваат изгубени, а сакаат за брзо да се пронајдат во нова димензија.

Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш од лажните пријатели

Зошто сè уште воопшто ги трпиш кога знаеш дека ти прават лице? Веднаш откачи ги и оддалечи се од сите лажни личности во твојот живот.

Инстинктот ќе ти покаже кои се тие, доволно е да го послушаш и да се оддалечиш веднаш, без објаснение, тие ќе ја сфатат причината сами.


Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш од околностите кои не ти одговараат

Независно дали се работи за твоето работно место, градот во кој живееш, улицата, твојот дом кој не го чувствуваш како дом и слично.

Запомни дека сам ги креираш околностите и мора да ги уништиш овие кои не ти одговараат за да склопиш нови на нивно место, а можеш и само да избегаш од нив наместо да ги уништуваш, изборот е твој.


Пронајди се себеси со тоа што ќе оглувиш и ослепиш

Звучи чудно и комплицирано, но всушност е многу едноставно. Пронајди се себеси со тоа што ќе ги слушаш сопствените зборови и ќе го почитуваш сопственото мислење, наместо туѓото и ќе ослепиш за сè што не сакаш да ледаш, освен за она што ти одговара тебе.


Пронајди се себеси со тоа што ќе се оддалечиш од сè останато освен самиот себеси

Оддалечи се од сите околу тебе на мирно место кое знаеш дека ќе ти помогне повторно да се пронајдеш себеси, но никогаш не се оддалечувај од самиот ти, само така ќе се пронајдеш навистина.


Пронајди се себеси со тоа што ќе изгубиш сè што имаш, за да добиеш сè што отсекогаш си посакувал!

Доколку пронаоѓањето на себеси во твојот случај значи да изгубиш сè што имаш, вложи го сето тоа и стави го на коцка, превземи ризик  бидејќи верувај нема да се покаеш.

Можеби ќе изгубиш сè што имаш кога ќе се пронајдеш себеси, но ќе добиеш сè што отсекогаш си посакувал, а воедно ќе се добиеш и себеси во нова димензија, подготвен да го зграпчиш животот!

Би можело да ве интересира:

„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...

Најчитани неделава