14 разлики меѓу убавите и сексапилните жени

Лорен Мартин е жена која решила да го напише своето мислење за женската убавина и сексапилот, односно со само неколку реченици да докаже дека убавината е тотално неповрзана со зборчето „секс“.

14-razliki-megu-ubavite-i-seksapilnite-zeni-01.jpg

„Жени. Ние имаме облини, слаби сме, опуштени, згодни, слатки, лоши, кукли, пристојни, мудри... Листата никогаш не завршува.

Кога последен пат сте слушнале некој маж да ја опише жената без придавка која нема доза сексуален и естетски контекст? Кога последен пат сте слушнале некој маж да подели комплимент за елеганцијата или душата која жената ја носи? Кога последен пат мажот опишал некоја жена како убава?

Голем број на мажи денес се заслепени од вештачките прамени коса, големите гради и задници. Мислат дека сексуалноста доаѓа од бронзениот тен, бикините и вештачките трепки. Програмирани се да веруваат дека само жената со извајано тело и подигнати гради е совршена.

Но, што е со жените кои не сакаат да се вклопат во машката фантазија? Што е со жените кои сакаат да носат удобни џемпери и рамни сандали? Што е со жените кои не се облекуваат за да го импресионираат спротивниот пол, туку за да се чувствуваат убаво? Зарем не постои привлечност во тоа? Зарем не постои почит за самодовербата?“ - раскажува Лорен за на крајот да го постави клучното прашање.

„Зарем не е време мажите да ги потсетиме на разликата помеѓу сексапилот и убавината? Време е да сфатат дека жените имаат да понудат многу повеќе од телото.“

14-razliki-megu-ubavite-i-seksapilnite-zeni-02.jpg

Дел од најголемите разлики се следниве:

- На сексапилот му се воодушевуваш од далеку, убавината е она што сакаш да го задржиш.

- Сексапилот е перцепција, убавината е за почитување.

- Сексапилот е сенката на очите, убавината е целото лице.

- Сексапилот е појава, убавината навлегува подлабоко под кожата.

- Сексапилот е начинот на кој таа флертува, убавината е начинот на кој зборува.

- Сексапилот е силна мојата, убавината е силен ум.

- Сексапилот е младечки дух, убавината е искуство.

- Сексапилот е конвенционален, убавината е уникатна.

- Сексапилот е средба за една вечер, убавината е за до бесконечност.

- Сексапилот е начинот на кој таа стои, убавината е во бушавата коса додека прави палачинки.

- Сексапилот исчезнува со тек на време, убавината е трајна.

- Сексапилот е во облините, убавината е во нивната суштина.

- Сексапилот е смс порака, убавината е љубовно писмо.

- Сексапилот е надворешност, убавината е целата жена.

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава