Кога боли душата...

Посакувам да си тука, исто како некогаш. Само пред неколку месеци мислевме дека можеме да одиме до крајот на светот и назад за да заспиеме на омилените перници. Сонувавме за огромна куќа уредена во винтиџ стил и неколку деца кои се растрчуваат низ неа. Не знам за тебе, ама јас ете, се уште сонувам. Сега, сонувам дека ќе се вратиш.

koga-boli-dusata-01.jpg

Не знам кога нашата љубовна приказна почна да избледува, не знам кога почна да се распаѓа како кула од карти. Секој нареден ден беше поубав од претходниот. Уживав да го гледам сјајот во твоите очи. Твојата насмевка ми значеше повеќе од утринското кафе.

Преку ноќ, ти дојде со изјавата дека повеќе не чувствуваш страст, а само дваесетина часа претходно водевме љубов, страсно и моќно.

Исчезна без најава. Без објаснување. Без збогум. Без барем една кратка порака за крај.

Не сакам да те разберам. Не можам. Не смеам. Илјада објаснувања не би биле доволни за да ми заздрави душата. Не знаеш колку многу и колку долго може да боли душата. Ама нема сервис или болница за човечките души.

Да беше во прашање друга девојка, одамна ќе се откажев од барање одговори. Но, не е. Ете си, сам, збунет, го мериш секој шанк во градот. Те озборуваат. Брат ти секоја вечер те враќал дома пијан и расплакан. Веќе неколку дена си се немал појавено на работа.

Во ред, ме уништи, не се уништувај и себеси. Врати се, се уште има простор на белата хартија за да ја допишеме нашата приказна. Ќе се правам дека се сум заборавила. Љубовта ќе ги излечи раните. Насмевките ќе ми ја состават душата.

Спаси ме од очајот за да се спасиш сам.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава