Сонував некој многу мил...

Никогаш не сум била премногу суеверна, освен кога народски кажано „ме јаде“ левата рака. Тогаш знам дека од некаде мириса на пари.

sonuvav-nekogo-mnogu-mil-01.jpg

Ретко сонувам, но обично не верувам во муабетот дека сон може да ја претскаже иднината. Неа, ние сами си ја создаваме.

Не сум баш сигурна дека постојат видовити луѓе кои би ти раскажувале за твојот живот. Единствено, едно време верував во коинциденции, едно лето, едни убави времиња. Но, морам да признаам дека целиот живот сум верувала во мојот внатрешен глас, интуицијата и инстинктот, оној животинскиот, да се борам, да опстанувам, да се пронајдам.

Но, во животот доаѓаат моменти кога се демантираме самите. Моменти кога сменуваме некое мислење. Внимавај, реков некое, а не нечие.

Дали се демантирам себеси што посакувам синоќешниот сон да е реалност... Не беше кошмар, беше многу убав сон. Убаво е кога некој што ти е многу мил ќе го видиш на сон. Не ме интересира што пишува во соновниците, јас го кажувам она што го чувствувам. Душата ти се исполнува, спокоен си.

Некои велат дека премногу луѓе сонувале црно - бело. Јас пак, се радувам на колоритетот на моите соништа. Се радувам на луѓето кои ги гледам таму, луѓето кои поради сега небитни прични одамна не сум ги гушнала. Не се многу, двајца или тројца се, но вредат.

Кој знае, можеби соништата претскажуваат. Можеби се премногу чудна метафора за нашата иднина. Можеби само оној што верува во коинциденциите може да ги доживее.

Или обратно, кој знае. Секој од нас е засебна приказна, секој од нас има свои навики, верувања, емоции и култови. Но, никој не знае можеби токму оние работи за кои мислиме дека се уникатни, индивидуални и само наши ги делиме со некоја сродна душа на овој свет.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава