6 знаци дека сте престанале да го негувате вашиот талент

Голем број на талентирани луѓе кои сакаат да направат нешто со она што им е дадено, сепак се спречуваат поради чувството на одговорност кон континуирано напредување. 

6-znaci-deka-ste-prestanale-da-go-neguvate-vashiot-talent-01.jpg

Токму предноста на постојано усовршување може да биде клучен фактот кој ќе ве стави над конкуренцијата, но ја избегнувате.
Ова се 6 знаци дека не го искористувате вашиот талент:


1. Почнувате да играте на сигурно

Луѓето кои се научиле да го негуваат својот талент имаат тенденција да истражуваат и да преземаат поголеми ризици. Токму тие ризици се камен темелник на напредокот.

Без ризикување вашиот талент само ќе „тапка во место“.

Потребно е малку да се „подбутнете“ и да се препуштите на можностите и ризиците кои доаѓаат пред вас. Заронете во длабочините и неоткриените предели кои ве чекаат и ќе ви донесат развој на талентот.


2. Земате повеќе одошто давате

Никој на крајот од денот нема да ги цени сите ваши таленти. Тоа дека земате повеќе одошто давате буквално значи дека не нудите повеќе од тоа за што сте платени.

Ако имате повеќе вештини добро е да дадете повеќе на светот околу вас. Зафаќајте се на повеќе одговорности и допринесувајте повеќе.
Талентираните луѓе имаат тенденција секогаш да работа повеќе и понапорно, да дадат повеќе за да докажат дека заслужуваат многу повеќе одошто добиваат.


3. Гледате повеќе препреки одошто можности

Како гледате на предизвиците? Дали ги сметате за возбудливи или непромислени? Оние кои сакаат да го негуваат својот талент не се плашат од препреките и предизвиците, туку храбро ги прифаќаат.

Тие не гледаат на негативните страни на ситуациите, туку на позитивните и веднаш ги препознаваат можностите кои им се дадени.


4. Не сакате да грешите

Грешките играат доста важна улога на патот до успехот. Голем број на талентирани луѓе прават грешки, но не дозволуваат да влијаат на нивната мотивација и бргу ги поправаат.

Ако го промените вашиот став и престанете да се плашите од падежите ќе направите голема разлика. Грешките се тука да ве научат и да ве направат што е можно подобри.


5. Секогаш го одбирате полесниот пат

Живееме во свет кој овозможува брзи и безболни решенија на проблемите и голем број на луѓе со одлучуваат да одат по линија на помал отпор, но за жал така не се постигнува многу.

За да се развие и одржува талентот мора да се соочите со бројни потешкотии.


6. Трошите време на активности кои немаат врска со вашиот талент

Вашите вештини треба да ги подобрувате и вежбате, а за тоа треба да посветите доволно внимание. На какви активности го трошите вашето време? Дали тие се поврзани со развојот на вашите способности и таленти?

Фокусирајте се на најважните работи кои ќе допринесат во развојот на вашите способности и ќе ве направат успешна личност.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава