Што сè знае една жена?

На светот постојат неколку милијарди жени. Се разликуваат по националност, раса, етничка или религиозна припадност, висина, тежина, образование, начинот на кој што живеат. И секоја од нив е уникатна. Посебна на свој начин, неверојатно убава за нејзиниот вистински маж, бескрајно инспиративна за своите најдраги.

sto-se-znae-edna-zena-01.jpg

Секоја жена знае, може и треба да биде убава, вистинска, моќна, совршена. Ако не за целиот свет, тогаш за себе и за оној кој заспива во нејзините прегратки.

Вистинската жена знае како да го извлече најдоброто од себе. Свесна е за своите таленти и работи на нив. Постојано се усовршува, бара инспирација, макотрпно работи на нејзината кариера, со силен чекор го бара своето место под сонцето.

Таа знае како да ги одбере вистинските зборови за вистинскиот момент. Има зборови за љубов, за радост, за нежност, за утеха, но и зборови кога треба да објасни зошто боли и зошто плаче.

Не се срами да признае кога нешто не знае. Исто како што не се срами да влезе во продавница и да одбере секси долна облека за очите на нејзиниот партнер.

Колку што е нежна и грижлива за нејзиниот маж, толку е дива и моќна низ постелата.

Се труди да биде добра во кујна. Иако краде рецепти од интернет, ги крие загорените тенџериња, ја прави тортата по вториот обид, бидејќи првиот бил неуспешен.

Убавата жена знае како да искомбинира повеќе од две бои, да стави накит, да се нашминка и да си ја среди косата, а притоа да не изгледа како новогодишен лампион.

Знае дека кога е во недостиг на аргументи во кавгите со својот сакан може да продолжи со бакнежи.

Знае до каде се границите на нејзиниот морал, но е свесна дека нејзините соништа се безгранични.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава