Простуваме од срце или само за да не ја уништиме традицијата?

Пред неколку дена, еден брачен пар славеше 40 години заеднички живот. На моето прашање која е формулата за долговечноста на една врска, одговорот беше едноставно метафоричен: Добро уво, вредни раце, чесна уста и скромна, урамнотежена душа меѓу јавето и сонот и прогледување низ прсти, способност да простиш!

prostuvame-od-srce-ili-samo-za-da-ne-ja-unistime-tradicijata-01.jpg

Се прашувам простуваме ли од срце или само за да не ја уништиме традицијата!? Ги добиваме ли сите прошки кои ги посакуваме? Ви се извинил ли некој со насолзени очи?

Дали кога денот е при крај чувствувате ли топлина и исполнетост или мислите на следниот чекор во планот за одмазда кон оние кои ве повредиле!?

Чудни сме ние луѓето, секој живее во некој си свој филм, оние кои мислиш дека ги познаваш излегува дека се тотални странци, а моментите за кои си мислел дека не ти значат сега ти предизвикуваат солзи...

Зарем е толку тешко да бидеме поинакви!? Ама масовно, сите заедно.

За само еден ден да ги оставиме амбициите настрана и да оставиме соништата да не водат.

За само еден ден да ја победиме далечината и да направиме еден обичен телефонски повик.

За само еден да ги оставиме солзите во подрумот и на себе да си ги ставиме насмевките, да бидат искрени и споделени.

За само еден ден да се потрудиме да бидеме среќни со она што го имаме во нашите плакари и фрижидери.

За само еден да помислиме на оние кои се понесреќни од нас.

За само еден да признаеме на некого колку многу го сакаме.

За само еден ден да ги исполниме со прегратки.

За само еден да признаеме колку сме си потребни едни на други.

Тој ден би бил најубав во историјата на цивилизацијата!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава