15 работи кои треба да ги има секој маж

Вистинскиот маж не е оној кој носи скапи брендови, ниту оној кој постојано е опкружен со жени. Вистинскиот маж знае како треба да го започне и заврши секој ден. И на што точно треба да внимава во секоја пригода.

15-raboti-koi-treba-da-gi-ima-sekoj-maz-1.jpg

Ова се основните 15 работи до кои вистинскиот маж се придржува:

1. Знае како и кога да се насмее

Смислата за хумор е основа на сè – тој ќе ви помогне да ја освоите жената која ви се допаѓа, да се опкружите со квалитетни пријатели и да се извлечете од неколку непријатни ситуации. Покрај тоа, ширите позитивна енергија.


2. Правилно го почнува секој ден

Шолја топло кафе или чај и дневен весник, без оглед на модерното време во кое живееме. Информираниот маж е секогаш порасположен за разговори и нови познанства.


3. Спортува

Не ме бива за спорт е најлошиот изговор кој еден маж може да го искористи. Потребно е само да сакате и да вложите малку повеќе во себе и своето тело, а со тоа и во својата самодоверба.


4. Уредност

Колку и да ви звучат женски поимите пинцета, влажни марамчиња и турпија, треба да ги имате во вашиот ненесер или во позадина на некоја полица. Грижете се за себе, тоа што сте маж не ви дава за право да го запуштите своето тело.


5. Заштитен знак

Најдобро е тој да биде во облик на мирис – пронајдете парфем по кој ќе ве препознаваат.


6. Соодветно одело

Квалитетното и добро скроено темно одело ќе ви ја подигне самодовербата и ќе го подобри впечатокот кој го оставате.


7. Класика

Никогаш не бегајте од класичните чевли со врвки. Умерен и едноставен детаљ кој ќе ви овозможи ефектен изглед.


8. Чувство за мода

Важно е да знаете што со што одговара. На пример, маицата со апликации никогаш не смее да ја облечете под сако. Или да се појавите во лежерна маица на кратки во формални прилики.

15-raboti-koi-treba-da-gi-ima-sekoj-maz-2.jpg

9. Џинс

2 пара совршени фармерки од темен тексас се сосема доволни за добар секојдневен изглед.


10. Прави разлика

Вистинскиот маж знае да разликува квалитетни материјали и додатоци од евтини и непотребни.


11. Носи квалитетна долна облека

Колку и да е едноставна, долната облека треба да е секогаш нова и уредна. Плус, обрнете внимание да е од поквалитетен памук.


12. Има нешто префинето

Како на пример елегантен или класичен часовник кој одговара за секоја прилика.


13. Плус некој впечатлив аксесоар

За свечените прилики тоа може да биде џебното марамче, а за секојдневното појавување некоја нараквица или кожен ремен.


14. Знае дека сè е во деталите

Како на пример во очилата за сонце кои веќе не се само заштита, туку и моден тренд.


15. Секогаш носи прекрасна насмевка

Без дополнителни објаснувања, ова е финишот со кој треба да го зачините секој изглед.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава