Нека ве инспирира дождот

Има луѓе кои воопшто не го сакаат дождот и обично кога врне мрморат повеќе од капките и се нервираат за дождот. Има и луѓе кои го обожаваат дождот, капките им се инспирација за пишување, креирање, создавање. Луѓе за кои дождот е најубавото нешто кое може да им се случи во текот на денот.

neka-ve-inspirira-dozdot-01.jpg

 Посакуваме да бидете во таа втората група на луѓе, ве инспирираме да го засакате дождот!

Фотосесија на дожд

Не плашете се да излезете надвор, на дождот и да уживате во прегратките на вашиот најмил. Понесете некој симпатичен чадор, повикајте професионален фотограф и имајте заедничка, романтична фотосесија на дождот. Или само шетајте по празните улици, гушкајќи се. Сигурно добро се сеќавате на онаа сцена од Notebook, каде Рајан Гослинг и Рејчел МкАдамс се бакнуваа на дождот.


Разгалете се

Непишаното правило „Сакај се себеси, за да те сакаат и другите“, на дождлив ден ќе ја добие формата „Разгали се, за да те разгалуваат“. Кога врне, дозволете си разгалување, долго, со часови. Одете во козметички салон, направете си маникир или педикир, поминете неколку часа во спа центар или во фитнес центар. Вежбајте, пливајте, извадете ја од вас цела непотребна негативна енергија и вишокот килограми.


Проширете ги хоризонтите

Одете до вашата омилена книжарница. Откријте нови наслови. Направете чај или кафе. Уживајте во пишаниот збор. Читателот секогаш живее два животи, својот и оној на неговиот омилен лик од книгата.


Чистете во хумани цели

Направете ревизија на непотребните работи во вашите фиоки или плакари. Цела онаа облека и чевли кои веќе не ги носите, а само собираат прашина тргнете ги од вашиот дом. Наместо да ги фрлате во најблискиот контејнер, донирајте ги!

На крајот од денот, кога во омилените пижами ќе легнете на перницата, со исполнета и мирна душа, тропотот на дождот по прозорците и олуците ќе биде вашата најубава приспивна песна.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава