9 начини како да станете похаризматични

Кога велиме дека некој е харизматичен, тогаш мислиме на личност која е магнетски привлечна без посебно објаснување. Најчесто размислуваме за тоа дека овие луѓе се луѓе кои знаат што да кажат во вистинскиот момент и општо како да комуницираат.

9-nacini-kako-da-stanete-poharizmaticni-00001.jpg

Харизмата не е нешто со кое се раѓаме, туку нешто кое го стекнуваме во текот на животот и кое може да се промени во било кој момент од животот. Потребно е да вложите само малку труд и да ги употребите оние работи кои научно докажано ќе ве направат похаризматични.

Еве 9 работи кои можете да ги примените и да бидете похаризматични:


1. Употребувајте изрази со кои луѓето можат да се поврзат

Психологот Симонтон од Универзитетот во Калифорнија открива дека најдобра комуникација е онаа кога употребуваме конкретни зборови, наместо апстрактни.

„Знам што чувствуваш“ е подобар избор од „Знам како ти се чини тоа“, бидејќи со првата реченица луѓето многу полесно можат да се поврзат и поистоветат, а втората ве прави поладни.

„Најхаризматичните претседатели ги допираат срцата на своите луѓе“ – објаснува Симонтон.


2. Изразувајте ги вашите емоции

„Харизматичните луѓе своите емоции ги изразуваат спонтано и искрено, а тоа им помага да допрат до расположението и емоциите на другите“ – објаснува психологот Ригио од факултетот Клермонт.

Овој факт е познат како емоционална зараза и означува „тенденција автоматски да ги изразуваме и синхронизираме своите емоции“.

9-nacini-kako-da-stanete-poharizmaticni-1.jpg

3. Разговарајте за вашиот потенцијал, а не за вашите успеси

Истражување направено на Универзитетот Харвард открива дека разговарањето за успесите не е она што ги интересира другите, туку разговорите за сопствениот потенцијал.

„Несигурноста се чини дека е когнитивно попривлечна од она што знаеме дека е вистина“ – тврдат авторите на ова истражување.


4. Имитирајте ги туѓите движења

Психолозите откриваат дека кога луѓето се зближуваат почнуваат меѓусебно несвесно да си ги имитираат движењата, а тоа е знак на доверба и сигурност.

Токму поради тоа, кога преговарате најдобро е да почнете да ги имитирате движењата на другата личност.


5. Стомакот и рацете држете ги отворени

Стручниците за говор на телото велат дека нашето тело и нашиот начин на држење на говоркажуваат многу повеќе за нас одошто нашите зборови.

Ако ги држите рацете во џепови или стоите со прекрстени раце, на својот соговорник му покажувате дека не ве интересира неговото мислење.

Токму затоа, најдобро е да внимавате на вашата положба и вашите раце да бидат видливи.


6. Набавете си куче

Докажано е дека поседувањето на миленик, посебно куче, не прави посреќни, а со тоа и похаризматични. Ако поседувате куче, покажувате дека можете да се грижите за друго живо суштество.

На Универзитетот во Мичиген направиле експеримент во кој жените морале да читаат кратки описи за мажи и се покажало дека оние кои имале кучиња биле далеку попривлечни за жените, одошто оние кои немале.

9-nacini-kako-da-stanete-poharizmaticni-2.jpg

7. Смејте се повеќе

Научниците од Швајцарија направиле два експеримента за да ја проверат поврзаноста меѓу привлечноста и смеењето и откриле нешто што не е воопшто зачудувачки.

Нашето лице е далеку попривлечно кога на него има насмевка.


8. Дозволете им на луѓето да зборуваат за себеси

Научниците од Харвард тврдат дека зборувањето за себеси во нас буди емоции кои се еднакви како оние додека имате сексуален однос или додека јадете.


9. Вашите чекори треба да бидат си иста брзина како на другата личност

Истражување направено на Универзитетот Дурхам покажува дека дури и само неколку чекори да сме одвоени од другата личност, тоа покажува дека сме поладни, во спротивно усогласените чекори односот го прават посебен.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...

Најчитани неделава