Основачот на Икеа: Човек кој започнал од нула

Ингвар Кампрад е роден во Шведска во 1926-та година во малото село Агунјарид. Својот талент за претприемништво го покажал уште од многу мала возраст. На 5 години открил дека може да купува кибритчиња од Стокхолм и да ги продава за малку поголема цена за да оствари профит.

ingmar-kamprad-najbogatitot-covek-na-svetot-koj-zapocnal-od-nula-01.jpg

Откако заштедил доволно пари, својот бизнис го проширил и на продавање на риба, божиќни украси, пенкала и моливи.

Кога наполнил 17 години, добил поголема сума на пари од својот татко како награда за неговиот труд и добрите оцени кои ги добил. А, за што ги потрошил тие пари? Ја основал Икеа.

Името Икеа доаѓа од неговите иницијали и првите букви од фармата и селото од кое доаѓа. Бизнисот започнал да го проширува и да продава разни предмети како: паричници, накит, часовници и чорапи. Кога веќе не можел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи индивидуално, го изнајмил локалното комбе за млеко и ги носел нарачките.

За време на неговите тинејџерски години тој учествувал на нацистичките состаноци во Шведска и за овој период од животот вели: „Се каам што ова е дел од мојот живот“.

Така го напишал писмото „Најголемата грешка во мојот живот“ до своите вработени од кои побарал прошка. За овој дел од неговиот живот, тој посветил дури две поглавја од неговата книга „Историјата на Икеа“ напишана во 1998-та година.

Во 1947-та година Кампрад го вовел и мебелот како нешто што се продава во Икеа употребувајќи ги локалните производители за пониски цени. Мебелот станал вистински хит, па во 1951-та година Кампрад одлучил да се откаже од сите останати производи и да се концентрира на производството и продажбата на мебел.

Денес Икеа е светски познат бренд кој ја задржал основната идеја од самите почетоци – иновативен стилски дизајн на мебел по ниски цени.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава