Зошто го обожавате мирисот на вашиот партнер?

На листата на работи кои жените ги обожаваат, покрај чоколадото и чевлите, може да се вметне и мирисот на нивниот партнер, што во основа е и еден од најчудните.

zoshto-go-obozavate-mirisot-na-vashiot-partner-01.jpg

Покрај неговиот мирис после теретана, или веднаш по туширањето со парфем или дезедоранс, жените многу повеќе го сакаат природниот мирис на нивниот партнер.

Ако некогаш ви се случило да забележите како ја мирисате маицата на вашиот партнер и чувствувате посебно задоволство, тогаш знаете за што станува збор.

Се е во гените, би рекле научниците.

Оној дел од мозокот што влијае на нашиот имунолошки систем, влијае и на нашиот мирис, а она што жените го преферираат е мирисот на мажот кој има различен имунитет од нивниот.

Истражување кое е направено на Универзитетот во Чикаго од страна на професорот Карол Обер, открива дека кај Амишите кои не бројат повеќе од 40.000 членови жените повторно успеваат да најдат некој партнер кој има различен имунитет од нивниот.

Дополнително, бројот на спонтани абортуси бил значајно повисок кај оние кои не успевале да го направат тоа.

Останува прашањето: Постои ли идеален мирис?

„Не постои Бред Пит меѓу телесните мириси, бидејќи мирисите се директен резултат на нашиот имунолошки систем, а најатрактивен мирис е оној кој потекнува од мажот кој има најкомпатибилен имунолошки систем со нашиот“ – вели професорот Рејчел Херц.

Би можело да ве интересира:

Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
8 илустрации колку технологијата ни го смени секојдневието (и без кои не можеме да живееме) Не мора да носиме кеш во паричникот - може да платиме дури и допирање на мобилни...
Се заглавиле во подводна цевка за нафта, никој не ни пробал да ги спаси: Детали за најморничавата ну... Во 2022 година, пет искусни нуркачи требало да поправат цевка за нафта на платфо...

Најчитани неделава