Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор
Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереалистични очекувања за целиот одмор.

Планирањето летен одмор секогаш е стресно, но очекуваме дека кога ќе стигнеме на дестинацијата, конечно ќе здивнеме.
Но, тешко дека ќе се релаксирате ако самите несвесно почнете да си создавате стрес.
Најчестите грешки кои создаваат стрес за време на одмор:
Премногу планирате
Планирањето безброј активности ќе би го направи релаксирачкиот одмор стресен уште на првиот ден.
Нормално е да сакате да видете некои знаменитости кога сте на нова дестинација, но не се форсирајте да видите буквално сè, особено ако целта ви е да се релаксирате.
Ако ја планирате секоја минута од одморот, тогаш ќе се чувствувате исто како да сте на работа, а не на патување.
Исто така, ако веќе сте направиле детален план за што да посетите, не се чувствувајте лошо ако се откажете од нешто.
Не планирате ништо
Од друга страна, не е добро и да немате никаков план, особено ако сте сличност која обично детално си го планира денот.
На одмор ќе имате многу слободно време и ако сте научени да следите строг распоред, може да се чувствувате и анксиозно кога ќе немате што да правите.
Затоа, направете некој едноставен план за секој ден – на пример кога да отидете на плажа, кога да јадете, кога да прошетате…
Прескокнувате оброци
Секогаш имајте план каде и што ќе јадете кога сте на одмор.
Наутро задолжително појадете бидејќи и самото лежење на плажа нема да ви биде пријатно ако стомакот ви е празен.
Ако не ви се трошат многу пари додека сте на плажа, не гладувајте додека да се вратите во собата, туку понесете нешто со себе, како сендвич или овошје.
Го проверувате мејлот од работа
На многу луѓе им е тешко целосно да се дистанцираат од својата работа кога се на одмор, но и ова може да го расипе целото летување.
Штом вие сте на одмор, колегите и надредените не очекуваат да работите.
Па, немојте да си создавате стрес со тоа што ќе читате мејлови од работа.
