Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор
Го споредувате вашето патување со она што гледате на Инстаграм
Споредувањето со другите никогаш нема да ве усреќи, па немојте да го правите дури ни кога сте на одмор.
Ако некој посетил фенси бар на местото каде што сте вие и објавил фотки од таму, не значи дека и вие морате да одите во тој бар и да објавите фотка.
Или, само затоа што не можете да си дозволите одмор во луксузен ресорт не значи дека нема да уживате и да се релаксирате со поевтина варијанта.
Затоа, престанете да се споредувате и уживајте во вашиот одмор.
Ја заборавате негата за себе
Немојте да се запоставите кога сте на одмор и продолжете да се грижите за себе.
Ако сте личност која сака да вежба, не мора да барате теретана, туку барем пливајте или направете неколку лесни вежби. Ако обично не пиете алкохол, не мора да почнете да пиете само затоа што сте на одмор. Ако сакате да се храните здраво, не мора целосно да избегнувате здрава храна само затоа што сте на одмор.
Немојте целосно да ја заборавите грижата за себе бидејќи ќе ви биде тешко да се адаптирате кога ќе се вратите од одмор и последните денови ќе ви бидат стресни.
Ги барате само најевтините опции
Нормално е да сакате да заштедите, но немојте на слепо да го закажете најевтиниот хотел или некоја екскурзија.
Некогаш и најевтините опции се добри, но мора внимателно да проверите.
Притоа, има други начини да заштедите додека сте на одмор – на пример наместо секоја вечер да јадете во ресторан, купете улична храна или ако имате услови, направете нешто набрзина во вашата соба.
Не правите план за вашиот буџет
Навистина е важно добро да ги планирате целиот буџет уште пред ад тргнете на одмор, за таму да не мора да си создаваат стрес за пари.
Одвојте сума што планирате да ја потрошите на храна, на подароци, на ситници за вас…
Секогаш имајте и одредена сума за непланирани трошоци – ова нека бидат пари кои нема да ги трошите, освен ако не се случи нешто непредвидливо.
Имате нереалистични очекувања
Сите сакаме одморот да биде совршен, но мора да бидеме реалистични со очекувањата. Ако одите со мало дете, мора да бидете свесни за сите предизвици и потенцијални проблеми.
Доколку сте поголема група, имајте предвид дека можеби нема да се согласувате за сите планови и активности и подгответе се да направите компромис. Можно е и самата дестинација да не биде како што сте ја замислувале.
И, сето ова е во ред и нема да ви го расипе одморот, сè додека сте реалистични со очекувањата.
Спирова С. | Црнобело
