„Snooze“ или да станете? Со пријателите или дома? Како да станете одлучни

Многумина од нас уште при самото будење мораат да донесат некаква одлука – да станете одма или да го притиснете копчето „snooze“ уште еднаш? Кошула или маица? Кафе или чај? Јајца или леб?

snooze-ili-da-stanete-so-ptijatelit-ili-doma-kako-poednostavno-da-stanete-odlucni-01.jpg

Овие прашања се прилично едноставни при донесувањето на одлуката, но постојат и далеку потешки и посериозни прашања.

Да останете во врска или да ја прекинете? Да го прифатите новото работно место или не? Да се преселите сами да живеете или не?

Понатаму доаѓаат и оние вечерните одлуки по работниот ден – кафе со пријателите или вечера дома? Што за вечера?

Некои луѓе многу едноставно ги донесуваат овие одлуки без чувство дека прават некаков избор, а некои пак се секогаш неодлучни.

Како да се ослободите од „маките“ и полесно да дојдете до решение?

Едноставност

Повеќе избори – потешко ќе дојдете до одлука, па добро е постојано да се обидувате да го поедноставите изборот.

Ако гардероберот ви е преполн со облека, мала е веројатноста дека многу бргу ќе одлучите што да облечете. Токму затоа, најдобро е да се ослободите од вишокот и да ги зачувате оние работи кои знаете дека најчесто ги носите и кои нема да ви задаваат проблеми при одлучувањето.


Елиминирајте го изборот

Стив Џобс секогаш носи црна маица и фармерки, а Барак Обама сив или син костим. Ако се ослободите од малите избори и одлуки, многу поедноставно ќе можете да се соочите со тешките и полесно ќе донесувате значајни одлуки.


Верувајте на сопствениот инстинкт

Колку пати во животот ви се случило првобитно да дојдете до некаква одлука, а потоа повторно да се мислите за некоја работа? Верувајте му на сопствениот инстинкт и така полесно ќе донесувате одлуки. 

Би можело да ве интересира:

16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Изела 2,5 kg компири пред да биде задушена: Смртта на Дона Дол е мистерија повеќе од половина век Дона Дол студирала руски јазик на универзитет во Илиноис кога исчезнала. Била на...

Најчитани неделава