Изела 2,5 kg компири пред да биде задушена: Смртта на Дона Дол е мистерија повеќе од половина век
Дона Дол студирала руски јазик на универзитет во Илиноис кога исчезнала. Била најдена десетина дена подоцна, најверојатно задушена, но без траги од насилство. Најчудно е што непосредно пред смртта, изела големо количество компири, или некој ја присилил да ги изеде...

Смртта (или убиството) на студентката Дона Дол е еден од најчудните случаи кој не е решен повеќе од половина век.
Дона била задушена, но некои наоди од аутопсијата не се совпаѓале со причината за смртта. Притоа, според остатоците во нејзиниот желудник, Дона изела околу 2,5 килограми компири пред да биде убиена.
Полицијата нема доволно докази ни за осомничен, ни за мотив, па случајот останува мистерија повеќе од половина век.
Детали што се познати досега:
Дона Дол студирала руски јазик на Northern Illinois University во Илиноис, била амбициозна студентка и се истакнувала над колегите.
Во средно била мирна и повлечена девојка, веројатно бидејќи потекнувала од строго семејство.
Родителите постојано ја задолжувале за хигиената во домот, а и ретко излегувала бидејќи морала да се грижи за помладите брат и сестра.
Кога го напуштила родниот град за да студира, животот ѝ се променил. Иако имала многу за учење, а била и вработена, како студентка барем имала можност да стекне пријатели, па и да најде љубов.
За време на студиите, Дона ја запознала Дона Чиарелот – девојка со која многу се зближила.
На 2-ри октомври 1970 година, Дона била во универзитетската библиотека, а потоа била договорена да излезе со другарка ѝ.
Двете девојки се немале видено цело лето и се договориле да се чекаат пред библиотеката.
„Се немавме видено поради натрупани распореди и слично… Требаше да се сретнеме, да си поразговараме на кафе.
Се договоривме да се сретнеме пред библиотеката, јас да ја земам со автомобил. Но, Дона не беше таму“, има изјавено другарка ѝ Дона.
Таа чекала 20-тина минути и си заминала, но не се посомневала дека се случило нешто. Тогаш немале мобилни телефони, па помислила дека на Дона ѝ излегла некоја неодложна обврска и немала како да ја контактира навреме.
Но, Дона не се вратила ни во студентската соба. По два дена, нејзината цимерка и другите пријатели сфатиле дека е време да ја пријават како исчезната.
Полицијата ја пребарала собата на Дона – облеката и куферот ѝ биле таму, заедно со последната плата.
Штом била без облека и без пари, пријателите и семејството на Дона почнале да се грижат дека ѝ се случило нешто.
И покрај нивната загриженост, полицајците сметале дека Дона самата заминала некаде и ќе се врати.
Тој период Дона имала дечко од друг град. Но, бидејќи тој бил во брак (но наводно разделен од сопругата), а нејзините родители биле многу строги, полицајците сметале дека Дона отишла кај него без да каже.
Подоцна го контактирале партнерот на Дона, но им кажал дека не ја видел тој викенд.
Поминала цела недела, а Дона не се појавила, сè до 11-ти октомври кога било најдено нејзиното тело.