Изела 2,5 kg компири пред да биде задушена: Смртта на Дона Дол е мистерија повеќе од половина век

На 11-ти октомври, околу 20 часот, тројца тинејџери оделе на забава, кога се движеле по пат на околу еден и пол километар од кампусот на универзитетот на Дона.

Покрај патот имале скриено пиво, па застанале да го земат.

izela-2-5-kg-kompiri-pred-da-bide-zadushena-smrtta-na-dona-dol-e-misterija-povekje-od-polovina-vek-7.JPG

Двајца тинејџери чекале во автомобилот, а третиот отишол да го земе пивото и тогаш забележал човечко тело.

Со автомобилот, тројцата тинејџери веднаш отишле во полиција.

Заедно со тинејџерите, полицајците отишле кај телото кое подоцна било потврдено дека е на Дона.

izela-2-5-kg-kompiri-pred-da-bide-zadushena-smrtta-na-dona-dol-e-misterija-povekje-od-polovina-vek-06.JPG

Таа била облечена, но не носела чевли. Носела туѓа јакна, а не нејзиниот мантил со кој била видена последен пат. Чевлите, мантилот и чантата на Дона никогаш не биле најдени.

Според извештаите од неколку медиуми од тој период, Дона била жива најмалку 48 часа откако исчезнала.

Патолозите заклучиле дека била задушена со перница или пластична вреќа. Но, во случај на задушување, во белите дробови и дишните патишта треба да има микроскопски влакна од материјалот со којшто била задушена.

Кај Дона не биле најдени вакви микроскопски влакна.

izela-2-5-kg-kompiri-pred-da-bide-zadushena-smrtta-na-dona-dol-e-misterija-povekje-od-polovina-vek-8.JPG

Исто така, во нејзиниот организам биле најдени и „мистериозни супстанци“, но форензичарите немале услови да ги анализираат.

Најчудно во целиот случај е што пред смртта, Дона изела огромно количество компири – околу два и пол килограми. Или, поверојатно е дека била присилена да ги изеде.

На телото на Дона немало знаци на насилство, па заклучокот бил дека е нападната од личност што ја познава.

Бидејќи Дона всушност му раскинала на дечко ѝ, полицијата почнала да се сомнева во него.

Дури и нејзината пријателка Дона Чиарелот споделила дека дечко ѝ бил „кретен“ и интелектуално не бил на исто ниво со неа.

izela-2-5-kg-kompiri-pred-da-bide-zadushena-smrtta-na-dona-dol-e-misterija-povekje-od-polovina-vek-05_copy.JPG

Тој живеел во стан во близина на местото каде што било најдено телото на Дона, па полицијата соопштила дека имаат главен осомничен.

Но, дечкото на Дона бил толку вознемирен, што пробал да изврши самоубиство. Иако ова ги засилило сомнежите кон него, во изјава за медиумите, неговиот адвокат тврдел дека тој е невин и соработувал со полицијата.

Надлежните, пак, немале доволно докази кои укажувале на него, ниту докази за да обвинат некој друг.

Па, случајот за убиството на Дона останува нерешен повеќе од 50 години подоцна.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава