11 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека не сте доволно добри

11-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-koga-mislite-deka-ne-ste-dovolno-dobri-1.jpg

6. Запомнете: Вие сте таму каде треба да бидете

Можеби ви се чини дека се наоѓате на погрешно место и во погрешно време, но Универзумот функционира во совршена хармонија и ве има поставено токму каде треба да бидете.

Можеби не сакате да се наоѓате во некоја моментална ситуација, но треба од неа нешто да искусите и да ја надминете.

Ако ви се чини дека не сте успеале да ги остварите вашите цели, потсетете се дека Универзумот ви вели дека сега не е вистинското време за тоа.


7. Бидете нежни и добри со себеси

Важно е секогаш на крајот на денот да си кажете: „Дадов сè од себе“, а не да се грижите околу тоа што не сте успеале да направите нешто или да направите другите да се гордеат со вас.


8. Ја заслужувате сопствената безусловна љубов

Не треба да се насочувате кон негативните мисли и постојано да се критикувате себеси за мааните и негативните страни кои ги имате, треба да се сакате себеси онакви какви што сте.

Ослободете се од огорченоста и личното неприфаќање.


9. Секогаш постои решение

Понекогаш може да ви се чини како да сте дошле до крајот на патот, но за среќа секогаш постои некоја мала земјена патека по која можете да продолжите.

Не бесполезно велат: „Надежта последна умира“.

Затоа, важно е да ја следите вашата волја и да не се откажувате, без разлика на околностите.


10. Споредувајте сe само лично со себе

Нема потреба да се обидувате да се натпреварувате со некого. Важно е да се обидувате секогаш да бидете најдобрата верзија од себеси. Важно е секогаш да целите да бидете подобри од тоа што сте биле вчера.


11. Не можете секогаш да ги промените работите, но можете да го промените начинот на кој гледате на работите

Сегашниот момент е креиран како колекција од вашите минати мисли, зборови и акции.

Понекогаш тие ја прават сегашноста тешка и неподнослива, па ви се чини дека дена да можете да излезете од ситуацијата, но тоа не мора да биде секогаш така.

Важно е да го промените начинот на кој гледате на работите.



Би можело да ве интересира:

9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Се заглавиле во подводна цевка за нафта, никој не ни пробал да ги спаси: Детали за најморничавата ну... Во 2022 година, пет искусни нуркачи требало да поправат цевка за нафта на платфо...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
„Поминав цела деценија во заробеништво, на 10 минути од дома – на 14 години ме киднапира маж кој мис... На 14-годишна возраст, Тања Кач минувала низ тежок период поради разводот на род...

Најчитани неделава