Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница
„Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив другиот мал прст претходниот ден“.

На сите ни се случило да се повредиме и во повеќето случаи ова се минимални повреди кои не ги ни забележуваме.
А, бидејќи не се воопшто сериозни, можеме и да се насмееме за нив, особено ако сме се повредиле на глупав начин.
На ТикТок, корисниците ги споделуваат најглупавите причини зошто завршиле во болница:
„Паднав од амбулантно возило…“
„Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив другиот мал прст претходниот ден“.
„Си ги изместив палците на двете раце додека го местев креветот“.
„Имав чудна главоболка цела недела, по некое време почнаа да ми отрпнуваат лицето и рацете. Кога отидов на лекар, ми кажаа дека вратот ми бил скршен. Не направив ништо за да се повредам, едноставно се скршил“.
„Син ми падна од карпа и скрши три прсти на ногата додека бркаше гуштер. Најсмешно е што тогаш имаше 19 години“.
„Ми се воспали лактот бидејќи плетев многу, за краток период. Докторот ми рече дека сум му прв случај предизвикан од плетење“.
„Си ја изместив вилицата од проѕевање“.
„Паднав во дупка со вода додека бркав коза, си го скршив зглобот на дланката и потоа во болница дознав дека сум бремена“.
„Трчав кон спалната за да му покажам ТикТок видео на сопругот, се сопнав, паднав и изместив прст на ногата“.
„Мајка ми си го повреди вратот од смеење“.
Спирова С. | Црнобело
