Предавство, паѓање на заби или повреда: 10-те најчести кошмари и што тие претставуваат

Почесто се сеќаваме на нашите лоши соништа отколку на оние добрите. Но, зошто имаме кошмари и што тие всушност ни кажуваат?

10te-najcesti-koshmari-i-shto-tie-pretstavuvaat-01.jpg

Ова се 10-те најчести кошмари и нивните интерпретации:

1. Заробеност или заглавеност претставува немоќ

Соништата во кои сме заглавени некаде и не можеме да избегаме се често поврзани со фрустрации од реалниот живот. На пример, можете да се чувствувате заглавени во врска. Исто така, ваквите соништа можат да претставуваат немоќ и губење на контрола врз сопствениот живот.


2. Да се биде предаден од блиска личност претставува изолираност или напуштеност

Предавство во соништата може да значи дека се чувствувате напуштено од некој близок. Можеби тие го трошат времето на нешто или некој друг, поради што се чувствувате отуѓено.


3. Умирањето во сонот ги претставува новите почетоци

Смртта симболизира повторно раѓање, или нов почеток во животот. Сонувањето на гроб го претставува вашиот страв од иднината.


4. Да се биде изгубен значи дека се чувствувате како да не се вклопувате

Овој кошмар обично се случува кога се чувствувате вознемирено, конфузно, фрустрирано или кога чувствувате дека не се вклопувате. Тоа е обично поврзано со актуелната животна ситуација, без разлика дали се работи за нова работна средина, ново друштво или нов град.


5. Повреда претставува губење на контрола

Ако сонувате дека сте повредени тоа е обично поврзано со ситуација во која се чувствувате немоќно. Доколку самите се повредувате тоа значи дека самите се саботирате, а доколку некој друг ве повредува тоа би можело да биде поврзано со ситуации во кои се чувствувате беспомошно или отсечено.


6. Губење на забите значи дека се чувствувате вознемирено во врска со одредена ситуација во вашиот живот

Соништата во кои ги губите своите заби обично се поврзани со анксиозност, а понекогаш и депресија. Тие се исто така, знак дека се чувствувате беспомошно и не можете да ја контролирате околината. Овие соништа претставуваат и страв од стареење, како и  страв од сопствената смртност.


7. Соништата каде сте голи го претставуваат вашето чувство на срам

Овој сон претставува ранливост или чувство на срам од сопствените грешки и одлуки. Можеби се чувствувате изложени пред некого, а се обидувате да го импресионирате.


8. Паѓање на тест значи дека не се сте подготвени за нешто

Паѓате на тест во сон? Ова може да биде поврзано со реалниот живот, односно со вознемиреност, неуспех во минатото, сегашноста или иднината. Доколку во сонот не сте подготвени за тест, тоа значи дека не се чувствувате подготвени за идните предизвици.


9. Трчање или бегање претставува чувство на несигурност

Ова е метафора за несигурност. Исто така може да значи дека се чувствувате загрозено од вашите сопствени несигурности или имате чувство на лутина и завист кон нешто, односно некого.


10. Паѓање е страв од губење на контрола

Ова е најчестиот кошмар - паѓање, губење на рамнотежа или лизгање. Овој сон е показател на несигурност и вознемиреност, губење на контрола.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
Сосед ѝ истурил киселина бидејќи бил опседнат со неа: Потресната приказна на Наталија од Колумбија „Беше како вода. Не знам што ми истури, не се сеќавам дека почувствував некаков ...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
9 луѓе кои направија пластична операција и сега се „опседнати“ со својот нов изглед (фото) Кога луѓе кои никогаш не си го сакале носот, ќе добијат нов, совршен нос по опер...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...

Најчитани неделава