Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие)

Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од шините – и на „најсреќното место на светот“ се случуваат инциденти и трагедии.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-01.jpg

Забавните паркови на Дизни се нарекувани најсреќното место на светот.

Архитектурата која е излезена како од цртан филм, омилените ликови, но и адреналинските атракции се само мал дел од она што ги прави парковите едни од најпопуларните во светот.

Но, како секое место што го посетуваат милиони луѓе, и парковите на Дизни си имаат мрачна страна која компанијата сака и да ја скрие.

Низ годините, во Дизниленд парковите се случиле низа трагедии. Но, ако планирате да посетите некој од забавните паркови, овие инциденти не треба да ве загрижуваат.

Сепак, Дизниленд има милиони посетители годишно, а безбедносните стандарди се на највисоко ниво.

Но, со толку многу посетители, некогаш е очекувано да се случи и некоја несреќа.

Дел од трагедиите што ги „оцрнија“ Дизниленд парковите:

Богден Делаурот

Во 1973 година, Богден (18) и неговиот брат Доријан (10) се скриле во една од атракциите пред затворањето на паркот.

Влегле во кабина опкружена со вода, инспирирана од приказната за Том Соер.

Околу 9 часот навечер, сакале да си заминат, но за да не ги фатат чуварите, решиле да влезат во водата и да испливаат до другиот крај.

Но, Доријан не знаел да плива, па се качил на грбот на брат му и тргнале.

Кога стигнале до половина пат, Доријан се лизнал од грбот на брат му. Богден не можел да го најде, па испливал до брегот и побарал помош.

Но, било предоцна – Доријан бил пронајден следното утро, под вода, а не можел да излезе на површината бидејќи ногата му се заглавила на дното.

Наводно родителите на Доријан поднеле тужба против Дизни, но компанијата била ослободена од обвиненија.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-02.JPG

Марчело Торес

Во 2003 година, еден од ролеркостерите во Дизниленд во САД се изместил од шините пред да влезе во тунел.

Загинал 22-годишниот Марчело Торес, а бидејќи локомотивите на ролекростерот се одвоиле една од друга, имало и 10 повредени.

Со најголеми повреди бил 22-годишен дечко кој се здобил со исеченици на лицето и повреди на градите, вклучително и неколку скршени ребра.

Подоцна истрагата покажала дека екипата одговорна за одржување на атракциите не направила соодветна безбедносна проверка, но сепак потпишале потврда дека ролеркостерот бил безбеден.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-03.JPG

Мел Јорба

Во 1981-ва, 18-годишниот Мел Јорба бил во еден од парковите во САД, кога го нападнал 28-годишен маж кој тврдел дека ја вознемирувал девојка му.

Избила тепачка, при што мажот го прободел Мел директно во срцето.

Според тогашните медиумски известувања, тинејџерот 20 минути лежел на земја пред кој било од вработените во паркот да му помогне.

Наводно, поважно им било да не се наруши естетиката на паркот, па наместо да викнат брза помош, го качиле во нивно возило.

Возеле бавно додека излегувале од паркот, за да не ги вознемируваат гостите. Додека да го однесат во болница, состојбата на Мел се влошила и тој починал.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-04.JPG

Лејн Грејвс

Во Дизниленд во Флорида има атракција позната како Seven Seas Lagoon, каде има и огромен базен со алигатори.

Во 2016-та, 2-годишно дете влегло во водата, кога го нападнал крокодил. Таткото на детето пробал да го спаси, но крокодилот го грабнал детето и го одвлечкал во подлабокиот дел од базенот.

Оние кои се соочија со критики се родителите на детето бидејќи насекаде биле поставени знаци дека базенот не е за пливање бидејќи во него има крокодили.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-5.JPG

Луан Фи Досон

Во 1998-ма, на Божиќ, 33-годишниот Луан бил во еден од парковите во САД.

Тој бил застанат во редица за атракција со брод, кога врз него паднал реквизит од бродот.

Се здобил со смртоносни повреди на мозокот, а лекарите го одржувале во живот само колку неговите сакани да можат да се збогуваат со него.

Истиот реквизит ја удрил и неговата сопруга, која завршила на интензивна нега.

mornichavi-tragedii-koi-se-sluchile-vo-parkovite-diznilend-i-dizni-probuva-da-gi-skrie-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg