Секси подароци за саканите

seksi-podaroci-za-sakanite-povekjeСе ближат новогодишните празници. Оваа година можете да бидете малку поинакви и до го/ја изненадете својот/а партнер/ка со секси подарок.

 

Купувањето подароци за саканата личност понекогаш е навистина исцрпувачка и истовремено абавна задача.

Годинава почнете да размислувате за нешто секси и провокативно кое би го израдувало вашиот партнер/к. Еве неколку предлози кои ќе ви го олеснат изборот.

seksi-podaroci-za-sakanite

1. Провокативна долна облека

Својот/та партнер/ка секогаш може да го/ја изненадите со секси долна облека. Па покрај тоа што тој/таа ќе ужива во подарокот, сигурно и вие ќе бидете многу задоволни. Значи станува збор за подарок кој ќе ве развесели и двајцата. Нека биде тоа Баба/дедо Mраз секси црвена долна облека.

2. Секси книга (од типот на Кама Сутра)

Овој подарок е пригоден и за мажите и за жените. Едноставно одберете некоја книга која отвара нови хоризонти, а потоа сето прочитано можете да го примените го во кревет. Но внимавајте, книгата не смее да биде вулгарна, туку дозирано секси и провокативна, доволно за да ве загрее во студените зимски ноќи.

3. Секси играчки

Ова е подарок кој може да си го купуваат партнери кои веќе подолго време се заедно. Лисиците, превезите за очи, разните лосиони и секси помагалата можат да се најдат во секс-шоповите или на интернет. Ова е интересен подарок кој сигурно долго ќе се памети, а најверојатно и често ќе се применува, па во него ќе можете да уживате и двајцата. Сепак пред да го направите изборот добро размислете што е она што најмногу би го/ја израдувало вашиот/та партнер/ка.

4. Секси викенд

Приредете и на саканата личност незаборавно доживување. Можете да организирате викенд на некое романтично место, каде ќе побегнете од сите и ќе уживате еден во друг. Ако тоа не можете да си го дозволите, тогаш приредете си викенд за уживање во сопствениот дом. Романтичната вечера, масажата, долгата предигра или стриптизот се работи кои лесно се врежуваат во сеќавањата.

5. Секси масажа

Под  елката можете да оставите миризлво масло за масирање со порака во која ќе најавите за што сé планирате да го употребите тоа масло. Бидете детални и вжештете ја атмосферата за да тој/таа биде полн/а со исчекување. Возбудата ќе биде неверојатна и во неа ќе уживате и двајцата.

Ви посакуваме пријатни моменти и уживање со саканите!

Би можело да ве интересира:

Пензионерки убивале бездомници за пари од осигурување во 2000-тите: Детали за убиствата на „црните в... Кога биле во доцните 60-ти од животот, Хелен и Олга убиле бездомник и од животно...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
14 луѓе чии домови се похаотични од вашиот, ако ви е за утеха (фото) „Понекогаш водоводџијата и електричарот треба да се слушнат на телефон и да се д...
Инспиративна компилација: Луѓе кои си ги исполниле своите соништа Дете со церебрална парализа кое завршило факултет и ќе работи како адвокат, маж ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg