Работи кои не сте ги знаеле за себеси: Вие сте делумно вирус

На познатиот грчки храм во Делфи беше испишано мотото „Спознај се“, што звучи полесно да се каже отколку да се направи.

raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-sebesi-vie-ste-delumno-virus-01.jpg

Во продолжение дознајте ги работите кои сигурно не сте ги знале за себеси:

Вашиот стомак е попаметен отколку што мислите

Вашиот стомак има повеќе неврони отколку што многу животни имаат во нивниот мозок. Неговата колекција на невроните е толку сложена, што некои го нарекуваат „вториот мозокот". Додека другите делови на телото, како дланките на рацете, исто така имаат високо ниво на неврони, вашиот стомак е уникатен по тоа што тој може ефикасно да размислува за себе, што значи дека може да ја вари храната, без да се размислува за тоа.


Влакнетост

Луѓето се влакнести како и повеќето други примати. Како шимпанзата, имаме влакна низ целото тело, единствената разлика е што се пократки.


Вие сте делумно вирус

Вирусите не можат да се репродуцираат самите од себе, затоа некои вируси мораат да ја внесат нивната ДНК во клетката на домаќинот, со цел да бидат копирани. Ако вирусот се внесува во сперма или јајце клетката, како резултат потомство може да го носи ДНК на вирусот во секоја клетка. Ова се случувало толку често во еволуцијата на човекот, што значи дека 9% од нашиот геном потекнува директно од вируси.


Скокот

Скокотот се смета за клучен дел од човечкото врзување, особено меѓу децата и нивните родители. Како што сите знаеме ние не можеме да се скокоткаме самите себеси, бидејќи нашиот мозок знае точно што да очекува.


Вие сте делумно слепи

За жал, вашите очи имаат дефект: и двете имаат слепа точка. Оваа слепа точка е доволно голема за да предизвика проблеми за оние кои го загубиле видот на едното око. Но, фактот дека имаме две очи значи дека слепите точки се речиси незабележливи.


Можете да сметате без броење

Кога ви се претставени групи од повеќе од четири предмети, вие не треба да сметате за да знаете колку предмети има. За овие мали групи имате инстинктивно разбирање на бројот на предмети. Членовите на племето Pirahã во Бразил немаат броеви на својот јазик, што значи дека тие не знаат да бројат.


Имате пруги

Многу цицачи имаат пруги - мачките можат да имаат многу јасни линии, или дамки. Луѓето не се различни, само нашите пруги обично се невидливи. Можат да се видат само на посебни ленти наречени „Blaschko’s Lines“.

М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
13 носталгични фотки кои ќе ве вратат во детството (време кога дури и светот мирисаше поинаку) „Со сопругот ненајавени отидовме кај свекрва ми. Беше време за ручек, па извади ...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава