Најголемото уметничко дело

Вдлабнато во песокот на пустината на Блек Рок во Невада, овој уникатен цртеж стана најголемото светско уметничко дело чија кружница изнесува...

 

... околу 8км.

Ова дело е толку големо што во него може да се сместат 176 Вембли стадиони. Гигантскиот цртеж може да се види на височина од 12 192 км - патниците кои патуваат во авион и ја поминуваат оваа пустина можат да го видат и да се восхитуваат на ова дело.

najgolemoto-umetnicko-delo1



На уметникот заслужен за овој успех Џим Деневан му биле потребни 15 дена за да го изработи. Меѓутоа Џим не работел сам, придружуван бил од тим од тројца колеги кои работеле постојано.

Цртежот содржи повеќе од 1000 индивидуални кружници. Џим сам ја изработувал големата кружница со користење на поврзани мрежи прикачени за камион кој постојано вртел во пустината со цел да се ископа подлабоко во песокот. 

Мојата цел беше да го направам најголемото уметничко дело во светот и многу сум горд на себе што успеав да го остварам замисленото. Мојот долгогодишен колега, Калеб Кол, и јас заедно го планиравме ова со години и преставуваше големо задоволство што конечно го комплетиравме”, вели Џим.

najgolemoto-umetnicko-delo2



Најголемите линии на цртежот се 8,5 км во ширина и скоро една метар длабоки. За да ги постават своите координати за да направат совршен круг, членовите од тимот се послужија со ГПС технологијата. Џим објаснува дека најпрво почнале централно да работат, а потоа се ширеле дијаметарски.

Моравме секоја линија да ја копаме четири или пет пати за да се оформи во песокот. И покрај тоа што беше многу тешко, сепак беше забавно”.

Инаку, Џим во последните 17 години активно работи на создавање на уметнички дела во песок. Неговиот талент за цртање во песок го откри кога со стапче нацрта риба долга скоро 4км. Џим исто така, има работено на многу реклами на Ланд Ровер. Тој смета дека ова дело ќе му помогне да си го оствари својот план и да работи во НАСА.

najgolemoto-umetnicko-delo3


“Во иднина, многу би ценел доколку НАСА ни дозволи да ги користам нивните возила на Марс за да можам да ја продолжам мојата уметничка работа и на друга планета. Тоа би било многу забавно”, објаснува Џим.  

Тој признава дека последниот проект финансиски чинел многу, меѓутоа неговата желба за остварување на истиот беше многу посилна. Исто така тој е многу горд на своите колеги кои му помогнаа за да ја оствари својата цел.

Следен проект е Антартикот”, објаснува авантуристот Џим. 

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
„Живеам на инстаграмџиска улица – полуголи инфлуенсерки позираат во двор и ми ги берат цвеќињата, пе... Живеам на улица со убави куќи, расцветани магнолии и цреши. „Извинете, во кадар ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg