Мала сезнајка: 3-годишно девојче кое на памет го знае целиот Периоден систем (видео)

Се сеќавате колку тешко ни беше да запомниме која буква од латиницата одговара со вистинското име на секој од елементите од Периодниот систем, а камо ли да ги запомниме сите нивни својства и тоа некаде во основно одделение на тринаесет години?

ke-ostanete-bez-zborovi-malata-seznajka-ekspert-za-elementite-od-periodniot-sistem-01.jpg

Епа замислете тоа да треба да го правите на три години и тоа без грешка.

Малата Бриел од Калифорнија иако има само три години, веќе е експерт кога станува збор за елементите на Периодниот систем.

Таа ги знае сите елементи и тоа не оние најлесните како што се кислород и водород, туку сложените елементи како што се стронциум, фосфор, тантал и сите нивни најважни својства.

За да биде приказната уште повеќе фасцинантна, таа не знае да чита, а кога ја прашуваат како ги памети овие работи кои ни возрасните не можат да ги запаметат, таа одговара дека нејзиниот мал мозок едноставно ги памети сите тие работи.

Освен знаењето за елементите на Периодниот систем, малата сезнајка се пофали дека ги знае и сите претседатели на САД како и сите држави на Европа и Африка и нивните главни градови.

Нејзината појава е толку маркантна што дури и самата Елен ДеЏенерис  кажа дека ја прави да се чувствува непријатно, бидејќи малата Бриел знае доста работи кои дури ни луѓето кои одат во училиште не би ги знаеле.

Кој би рекол дека позади такво слатко девојче се крие толку голем мозок:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Инспиративна компилација: Луѓе кои си ги исполниле своите соништа Дете со церебрална парализа кое завршило факултет и ќе работи како адвокат, маж ...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава