Доживотни очила за сонце?

Маж од Калифорнија, познат како Метју, снимен е како си тетовира Ray Ban очила за сонце на лице, додека неговата девојка го набљудува. Видео...

 

... клипот до сега го погледнаа околу 500.000 корисници откако е објавен минатата недела.

Во него ќе имате прилика да ја слушнете изјавата на неговата девојка која одлуката на своето момче ја опишува како "затишје пред бура". По процедурата, Метју потврдува дека неговата тетоважа е кул, ги става своите вистински очила и заклучува дека тие повеќе нема да му бидат потребни.

Видеото е проследено со многубројни коментари, додека некои од нив се однесуваат на тоа како Метју, така тетовиран, ќе продолжи со својот нормален живот, односно каква реакција од своите родители се очекува.

Сепак, гласнините дека се работи за измама се проширија откако е откриено дека компанијата која ја објавила снимката ˝Never Hide Films˝, всушност е продукциска куќа на Ray Ban.

Измама или не, мора да признаеме дека се работи за мошне креативна идеја.

 

Би можело да ве интересира:

Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Фото-докази од ситуации кои се случуваат зад затворени врати во ресторантските кујни Извалкани апарати, скршени помагала, но покрај многуте непријатни работи, се нао...
Пиење по работа со колегите и шефот: Што е „nomikai“ во Јапонија и го практикуваме ли и кај нас? Во Јапонија, пиењето со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон ком...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg