Зошто толку мразиме да стануваме рано наутро?

Сите ние добро знаеме дека 8 часа ни се доволни за сон, но додека за некои ова важи како вистина, поголемиот дел од нас, без разлика на тоа кога ќе си легнат да спијат, наутро повторно имаат проблеми да станат.

pricinata-poradi-koja-mrazime-shto-treba-da-staneme-nautro-01.jpg

Зошто ни се случува ова?

Дел од нас дефинитивно полесно стануваат наутро, а другите се ноќни птици, но поголемиот дел од нас, се наоѓаат некаде во средината.

Останува фактот дека само мал дел од нас немаат проблем да станат рано наутро. Истражувањата ни објаснуваат зошто е тоа така.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд велат дека работните часови не се во согласност со нашиот природен ритам на будност, а тоа води до здравствени проблеми како висок притисок, анксиозност, зголемување на тежината...

Резултатите од истражувањата покажуваат дека децата на возраст помеѓу 8 и 10 години не треба да започнуваат со часови не порано од 8:30. Оние кои се на возраст од 16 до 18 години не порано од 10:00 часот.

За возрасните помеѓу 18 и 55 години најдобро е работниот ден да почнува во 10:00 часот.

Истражувачите, исто така, тврдат дека важно е и колку време поминуваме пред дигиталните уреди, односно дека не треба да ги употребуваме најмалку 1 час пред да легнеме да спиеме, бидејќи истите, влијаат негативно на нашиот сон.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава