Причина плус да избегате од рутината: Патувањето целосно го менува мозокот

Добро познато е дека одморот на свеж воздух, надвор од бучавата на метрополата ни го подобрува расположението, нè полни со енергија и ни го враќа еланот, но она што ретко кој го знае е дека патувањето физички го менува нашиот мозок на подобро.

pricina-plus-da-izbegate-od-rutinata-patuvanjeto-celosno-go-menuva-mozokot-01.jpg

Научниците неодамна открија дека релаксирањето надвор, во дивина или покрај морска вода не само што ни ја враќа позитивната енергија, туку успева и целосно да ни го промени умот.

Причина?

Моментот кога сте обиколени со природа, додека патувате на нови и непознати места, нуди и сосема нови доживувања кои мозокот треба да ги преработи.

Но, истовремено на еден начин и целосно се „гаси“ мозокот, па полесно можете да се препуштите на околината и да се ослободите од негативното расположение.

Ова се потврдило со истражување на неколку испитаници кои имале за задача да се прошетаат 30 минути во шума. Пред прошетката и по неа, им била мерена активноста на предфронталниот кортекс и е откриено, дека истата значително се намалувала по прошетката.

Па, замислете ако само една кратка прошетка од 30 минути успева да го направи тоа, што можат да направат неколку дена поминати на свеж воздух.

Новите искуства и доживувања пак, ја зголемуваат способноста за креативно размислување дури за 50%.

Вреди барем еднаш да избегате од секојдневието и да се релаксирате, нели?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава