Некогаш татковците ги учеа синовите да ги почитуваат жените...

Ваквите мажи ги има сè помалку и помалку. Како времето да ги прегазило, а со нив и витешкиот однос кон жените. Оние кои секогаш станувале кога жена ќе влезела во просторијата, кои ѝ помагаат да седне на столче, кои ја третираат како да е кралица...

nekogash-tatkovcite-gi-ucea-sinovite-da-gi-pocituvaat-zenite-01.jpg

Малку тажно е што исчезнуваат, бидејќи ова однесување не се учи на училиште, ниту од книгите.

Тоа е нешто што татковците го пренесувале на своите синови...

А, ова се некои од правилата на кои беа учени сите синови порано:

1. Таа е нечија ќерка

„Сине однесувај се кон жените онака како што еден ден би сакал друг маж да се однесува кон твојата ќерка.“

Порано мажите знаеле како да ги постават работите во вистинска перспектива.

2. Рацете до себе

„Не дозволувај да забележиш разочарување во нејзиниот поглед.“

Ќе дојде време за допири. Секој маж кој знае како да ја слуша жената, значи знае и да го процени времето за допири и најважно, за каков тип на допири.

3. Испрати ја до врата

Тоа е основа на секое џентлменско однесување. Секој маж порано требаше да се погрижи дека дамата безбедно пристигнала дома.

4. Секогаш плаќај ја вечерата

Вистина е дека времињата се менуваат, но без разлика на тоа колку заработува жената, оваа навика не би требало да се промени.

5. Понуди ѝ го својот капут ако и студи

На тој начин ѝ покажувате на жената дека сте грижливи и внимателни.

6. Секогаш отворај ја вратата пред неа

Посебно кога влегува во автомобил. Тоа е едноставен љубезен чин кој покажува дека ја ставате на прво место.

7. Почитувај ги желбите на нејзините родители

Без разлика на тоа какви се, покажи им на нејзините родители максимално почитување.

„Сине тука нема расправа. Последното нешто што го сакаш е да бидеш во врска со некој чии родители не те сакаат.“

8. Нека се чувствува сигурно и заштитено

Не морате да имате големи мускули за жената да се чувствува сигурно покрај вас. Доволно е да ѝ покажете дека сте подготвени да направите сè што можете за да ја заштитите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава